Струјата поевтинува, ама ќе биде поскапа: Нова формула на власта, ама ударот пак е врз граѓаните

Струјата поевтинува, ама ќе биде поскапа. За семејство со просечна потрошувачка ќе има малку повисоки сметки.

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени .  Според нив ако сакате пониски сметки за струја темпирајте се да перете, пеглате, готвите и завршувате дневни обврски на евтина струја.

Повторно има поскапување во трет блок , каде спаѓаат домаќинствата кои трошат од 631 до 1050 киловат часови месечно , поевтинување има во прв блок, а цената во вториот блок  и цената на евтината тарифа останува иста.

1 блок    стара цена 6,8                   – нова цена 6,5

2 блок    стара цена 7,5                   – нова цена 7,5

3 блок    стара цена 8,9                   – нова цена 9,2

4 блок    стара цена 19,3                  – нова цена 19,6

 Според пресметките на Алфа  , оние најштедливите кои влегуваат во втор блок ќе добијат сметка за струја 100-тина денари повисока. Владата ова го оправда со игра на зборови , се намали мрежарината за 23 отсто, но со останатите додатоци на крајот излегува дека сметките за струја на оние кои штедат од новата година ќе бидат или исти или минимално зголемени.  

Новата сметка за струја ќе има и нова ставка „ пристап до мрежа“  која ќе чини 200 денари плус на сметките, ова значи дека оние кои не трошат во објектите кои ги поседуваат имале станови и викендици ќе го плаќаат надоместокот , а за сметка на тоа се намалува мрежарината за 23  отсто. Според Бислимоски овој пристап донел да нема енормно покачување.  

Инаку, според податоците од ЕВН дури 10 илјади домаќинства преминале од втор во трет блок од октомври во ноември  , што значи дека зимата ќе биде поскапа за нив.

Цената на струјата годинава за прв пат ја пресметуваше ЕВН Хоум, а амин доби од Регулаторната комисија за енергетика .

https://studio.youtube.com/video/S6_040wutAI/edit
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста