ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ се гуши од скандали, негрижата во здравството ќе ја плаќаат граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ се гуши од скандали, негрижата во здравството ќе ја плаќаат граѓаните

Два скандали на Гинекологија за краток период, разрешница нема, власта на СДС и ДУИ се гуши од скандали, потребен е рестарт веднаш, реагираат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Преку партиско соопштение велат дека за седум години власт во здравството се работи само за партиски интерес, без речиски никаква инвестиција во медицинскиот кадар, опрема, инфраструктура.

„Цената за оваа негрижа ја плаќаат граѓаните. Особено скапо чини негрижата за постоечкиот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар. Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд. Поради ова вчера бевме сведоци на два ужасни случаи.

Еден се случил, пред околу 10 дена скопската Клиника за гинекологија и акушерство. На новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во Клиниката.

Другиот случај за кој беше информирана јавноста се случил пред четири месеци на истата Клиника. На Клиниката била примена пациентка со проблеми во бременоста, а по 6 дена хоспитализација бебето починува во нејзината утроба.

Власта на СДС и ДУИ се гуши во скандали. Потребен е рестарт на здравствениот систем час поскоро“, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста