Предновогодишна репортажа на Алфа во Локарно, Швајцарија

Предновогодишна репортажа на Алфа во Локарно, Швајцарија

Локарно – швајцарски град на југот – во близина на границата со Италија – со околу 30-тина илјади жители.

На градскиот плоштад или „Пиаца гранде“, жителите на градот Локарно но и целата општина ги забавува локални но и музички звезди од цела Швајцарија. Новогодишната атмосфера почнува од 24 ноември па се до православен Божиќ на 7-ми јануари.

Жителелите на Локарно на концертите може да го слушнат и својот градоначалник Алан Шерер како пеач во рок група„ VASKO JAM“  која често има свои концерти во Локарно. Локалците имаат само добро зборови за својот рокер – градоначалник како што знаат да кажат, а Шерер за Алфа вели дека се труди да научи и македонска музика иако не е лесно.

  • „Ми се допаѓа многу македонската музика, како и македонските игри и ора. Се трудам да ги научам, но не е лесно. Прекрасни се!“ вели Шерер во изјава за Алфа.

Не не само новогодишниот амбиент, Локарно „свети“ и преку ден. За високот ниво на хиегиена  во градотот се грижат сите и локалните власти но и жителите.  Градоначалникот на Општина Муралто во кантонот Тичино, Стефано Џиларди, во изјава за Алфа, не крие дека претходело многу напор за денеска Швајцарија да е синоним за убавина.

  • Швајцарија не е една нација. Швајцарија е една Конфедерација и таа е создадена со напор за културно обединување на три етноси (речиси четири). Тоа значи дека постои еден континуиран напор за соживот со различни менталитети, за соживот со правила и закони кои им одговараат на сите, што значи: ред, дисциплина, етика и сериозност, која е можеби една од суштинските работи. Секој етнос придонесува или носи по нешто во овој состав. Германските Швајцарци придонесуваат со ред, одлучност, сила во континуитет. Француските Швајцарци придонесуваат со брилијантноста на нивниот француски дух. Италијанските Швајцарци (или Тичинези) придонесуваат со нивната фантазијa и весел дух кој го има на југот од Алпите, кај што има најмногу сонце“ вели Стефано Џиларди – Градоначалник на Општина Муралто.

Локарно е туристичко место, многу повеќе посетувано во летно време поради езерето Маџоре на чиј северен брег се наоѓа градот. Од север е опкружен со јужните краци на Алпите, па климата е идеална и во зимскиот период.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста