Стево против Пендаровски- едно зборува, а друго прави- може ли да му се верува на кажаниот збор на македонскиот претседател?!

Стево против Пендаровски- едно зборува, а друго прави- може ли да му се верува на кажаниот збор на македонскиот претседател?!

Македонскиот претседател сега бил сигурен дека не постоел политичар кој може преговара и разговара за македонскиот идентитет. Но, дали и на кој Стево Пендаровски може да му се верува, на опозиционерот кој велеше дека не постои нормален човек кој би го променил името на државата, или пак на гордиот претседател на државата со новото име? На човекот кој вели дека барањето- Бугарите да бидат внесени во Устав е мешање во внатрешните работи на Македонија, или пак на човекот кој сега вели дека уставните измени се прилика која не смееме да ја пропуштиме? Може ли да се верува сега на зборовите на Пендаровски, кој е уверен дека никој од денешниве политичарии воопшто не би разговарал за идентитетот на Македонците.

-Длабоко сум убеден дека ниту еден од денешнава генерација политичари никогаш нема да преговара за идентитетските прашања. Затоа што нашите црвени линии не ги утврдивме ние, нив одамна ги имаат утврдено оние кои што ја формираа нашата државава во 44-тата со државотворните акти на првото заседание на АСНОМ, кажа Пендаровски.

Доколку се видат претходните изјави на Пендаровски, особено на и повеќе од болните теми за Македонците, како што е промената на името и бугарските уцени, тешко дека може да му се верува на претседателот. Пред повеќе од две години, уставните измени беа мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на официјална Софија.

-Тоа да бидеме отворени, не само Петков и Радев и претходните го кажуваа, тоа е мешање во внатрешните работи, точка, кажа Пендаровски на 18.01.2022-ра.

Сега промените на Уставот станаа шанса која не сме смееле да ја пропуштиме.  

-Со одлагање на уставните промени, ќе пропуштиме уште една прилика, која може да не чини најмалку уште една деценија надвор од интеграциите, кажа Пендаровски.

Пендаровски кој сега е уверен дека никој немало да преговара за идентитетските прашања, пред осум години беше сигурен дека не постоел нормален човек кој би договорил промена на името на државата.

-И сите слободарски граѓни, колку и да звучи како фраза, душата ќе му извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа. Нема да го остави во таа фотелја во која е. Значи јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за тоа, али ако има во интерес на нашата заедничка иднина ние треба да му земеме мерка на тој човек, изјави Пендаровски во 2015-та.

Сепак Пендаровски четири години после оваа изјава стана претседател на Северна Македонија. На менувањето на името, пак му претходеше неуспешен Референдум –, а пред истиот да се случи, Пендаровски уверуваше дека ако нема излезност, процесот ќе запре.

-Што ако нема излезност на референдумот?

-Процесот запира тука – одговори Пендаровски во 2018 година.

Македонија и сите македонски граѓани знаат што следуваше по овие изјави. Пендаровски беше еден од најекспоираните подржувачи на договорот од преспа, промената на името и заговорник на референдумско ДА.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста