Масовните државни вработувања на само некој месец пред избори е класичен предизборен поткуп

Масовните државни вработувања на само некој месец пред избори е класичен предизборен поткуп

И да нема дупка, ќе ја смислам само да ја пополнат со партиски кадар. Во пет до 12 на 10-тици интитуции им текна дека имаат недостаток на соодветна работна сила, па огласи фрчат на секоја државна врата. Ваквите огласи кои се појавуваат на само два месеци пред изборната забрана за вработувања, очигледно претставува предизборен поткуп.

  • Веројатно тоа е едно од планираните активности по поглед на предизборието и во поглед на обезбедување на гласачко тело. Меѓутоа тоа не е ништо ново, граѓаните тоа го знаат многу добро и во некои ситуации може да има дури и контра ефект, бидејќи претставува и провокација за останатите граѓани. Сето тоа го гледаат и пред нивните очи тоа се случува“ вели Ѓорги Сламков,поранешен претседател на ДКСК.

Добро испланирано сценарио се вработувањата бидејќи тие не се спротивни со законот во моментов. Власта ќе ги полни државните институции на брза лента бидејќи има само два месеци пред да бидат распишани изборите.

  • Во моментов не се коси со законот бидејќи одлуката за распишување на изборите ќе биде во средината на февруари и од тој момент ќе има забрана за вработувања, и сите постојни вработувања ќе бидат ставени во мирување“, вели Ѓорги Сламков,поранешен претседател на ДКСК.

За ваквите сомнителни предизборни вработувања кои не се косат со законот, но се непосредно пред изборниот период, многупати досега има алармирано и Антикорупциската комисија.

Над дури 500 вработувања се највени во државните електрани, 80 огласи за работа во Агенцијата за администрација, 41 нов работник се бараат и во Фондот за здравство, 15 нови му требаат на Османи во МНР, девет нови кадри ќе има и во транспорт и врски, осум во Министерството за информатичко општество, исто толку и во Општата болница во Велес.

За јавноста е предизборен поткуп, но не и за претстадетелот на Владата, Ковачевски бидејќи сега било декември а изборите се закажани за во мај.

Државните електрани скроија и оправдување дека за време на пандемиската година, штеделе и не ги вработиле кадрите кои им фалат.

Владејачкото мнозинство најави забрана на привремени вработувања ама и го одложи за 2025 година откако ќе поминат овој круг на избори па и локалните кои треба да се оддржат за две години одсега.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста