СДСМ и ДУИ планираат да настапат со заеднички кандидат за претседател, но и заеднички листи за пратеници?

СДСМ и ДУИ планираат да настапат со заеднички кандидат за претседател, но и заеднички листи за пратеници?

Се поголема е веројатноста СДСМ и ДУИ на претстојните избори да излезат со заеднички листи, можно нивно здружување е сценарио не само за парламентарните избори туку и за претседателските, каде би настапиле со заеднички кандидат.

Ова можност е отворена, токму заради стравот на СДСМ за катастофален пораз на изборите и спас за да не доживеат катастофален пораз ќе бараат во ДУИ и заеднички листи со партијата на Ахмети, сметаат дел од експертите.

Се погласни се шпекулациите дека калкулирањето со датумот за одржување на изборите е само заради партиските калкулации на СДСМ и ДУИ, дали заедно да настапат на изборите.

Премиерот Димитар Ковачевски не ја демантираше оваа информација, дали се рагледува можноста за заеднички настап на СДСМ и ДУИ.

Поранешниот амбасадор и вицепремиер Ивица Боцевски за Алфа вели дека сценариото за здружени сили на Ковчаевски- Ахмети нема да биде изненадување, баш заради нискиот рејтинг на социјал-демократите, но како што посочува Боцевски, најголем добитник ќе бидат интегративците бидејќи ќе го бараат она што и сега го имаат, а тоа се добитни 5 сигурни места на изборните листи, односно сигурни пратенички емста во 1,2 и 3 изборна едница.

Што ќе значи дека ДУИ себе си се проектира со 15 сигурни добитни места на листите. Покрај тоа СДСМ се принудени да дадат дополнителни добитни места на ЛДП,ДОМ, и на другите членки на коалцијата. Јасно е од анкетите дека таа изборна листа нема моќ да победи прашање е дали ќе достигнат до 35 пратеници, ако од тие 35 пратеници, 15 се на ДУИ, ако 5 се на нивните коалициони партнери, значи ли тоа дека СДСМ во идниот парламент ќе се сведе на пратеничка група од 15 пратеника, што СДСМ ја немале таа бројка ниту по катастрофалниот пораз на Шекеринска во 2008 година, вели Боцевски за Алфа.

Ако СДСМ се изглигаат и играат улога во ова сценарио, според Боцевски, можно е тие во парламентот да бидат патеничка група од само 15 народни избраници.

Дали СДСМ ќе се доведе во ситуација да мора да собира потписи за претседателски кандидат не за овие туку за идните избори, затоа што ќе немаат 30 пратеници во собранието, така делува. Тоа се дилемите кои треба да ги решат, но и како ќе ги убедат своите членови и симпатизери, зошто да се гласа на една листа кој ќе биде искасапена и каде што препознатливите лица на СДСМ ќе бидат некаде долу со мала можност да велзат во парламентот, вели Боцевски за Алфа.

Иако изборите се ближат и политчката сцена се подготвува за истите, од СДСМ не кажуваат кој датум за нив е прифатлив, и дали изборите ќе бидат споени или пак раздвоени. ВМРО-ДПМНЕ го предложи 8 мај како датум, но од партијата на Ковачевски засега не даваат инфомација дали им одговара тогаш да бидат изборите. Предложија работни групи во собранието, но иако сите партии прифатија, првата работна средба на меѓупартиската група се уште нема седнато на маса.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста