Силјанова-Давкова со двојна предност пред Пендаровски – уште една анкета најавува победа на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ

Силјанова-Давкова со двојна предност пред Пендаровски – уште една анкета најавува победа на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ

Расте предноста на Силјановска-Давкова пред Пендаровски во трката до Вила Водно. Кандидатката за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, води со 2 спрема 1 пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој бара  втор мандат од граѓаните. 20,1 отсто од анкетираните даваат поддршка за Силјановска-Давкова, а 10,9 за Пендаровски. Бујар Османи е кандидатот кој ужива доверба од 7,9 остро, а зад него е Максим Димитриевски со еден процент помалку односно 6,9. За Арбен Таравари од обединетата албанска опозиција, гласот би дале 5,8 отсто од испитаниците на последната анкета која ја спроведе „Маркет Вижн“ за порталот МКД.МК.

Мнозинството граѓани сметаат и дека Силјановска-Давкова убедливо ќе победи на престојните претседателски избори.  

ПРАШАЊЕ: КОЈ КАНДИДАТ СМЕТАТЕ ДЕКА ЌЕ ПОБЕДИ НА ПРЕСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ?

ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА 33,9%

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ 18,4%

БУЈАР ОСМАНИ 3,6%

АРБЕН ТАРАВАРИ 2,5%

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ 1,9%

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА 0,4%

НЗ/ НЕ МОЖАМ ДА ПРОЦЕНАМ 39,2%

Кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, ја има предноста и доколку во вториот круг ја продолжи трката со кандидатот на Социјал-демократите.

ПРАШАЊЕ: ЗА КОГО БИ ГЛАСАЛЕ ДОКОЛКУ ВО ВТОРИОТ КРУГ ПОМИНАТ СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ?

ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА 32,2%

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ 25,5%

НЗ 25,1%

НЕ САКАМ ДА ОТКРИЈАМ 17,2%

Пендаровски сака втор мандат, но мнозинството од граѓаните кои биле анкетирани, даваат оценка 4 на скалата од 1 до 10 за неговата досегашна работа.

ПРАШАЊЕ: КОЛКУ СПОРЕД ВАС БЕШЕ УСПЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ВО ИЗМИНАТИОТ МАНДАТ..?

1 (ЕДИНИЦА) 27,3%

2 (ДВОЈКА) 8,7%

3 (ТРОЈКА) 12,7%

4 (ЧЕТВРОКА) 9,1%

5 (ПЕТКА) 17,3%

6 (ШЕСТКА) 5,7 %

7 (СЕДМИЦА) 5,5%

8 (ОСМИЦА) 5,2%

9 (ДЕВЕТКА) 2,3%

10 (ДЕСЕТКА) 6,1%

Назадоволството од работата на Пендаровски се гледа и во одговорот на прашањето дали тој заслужува втор мандат – 63,3 отсто од граѓаните велат „не“, а со „да“ одговориле 22,3%.

На прашањето, пак колку е важна функцијата претседател на државата во Македониија, 59,4 од анкетираните граѓани одговориле дека е многу важна, а за 8,5 оттсо од нив таа функција е неважна.

Првиот дел од анкетата на Маркет Вижн за МКД.МК, покажа убедлива предност за опозициската ВМРО-ДПМНЕ и партискиот лидер.

27.2 проценти од граѓаните се изјасниле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ ако изборите се одржат утре, за СДСМ би гласале само 10.7 проценти, за ДУИ 8.7, но веднаш зад нив е албанската опозиција со 7.7 проценти, по што следи движењето ЗНАМ со 5.5, Левица со 5.3, а за Алијансата за Албанците се изјасниле 1.1 процент од граѓаните.

На прашањето во кој политичар имате најголема доврба повторно на врвот е Мицкоски со 25.1 проценти, зад него е Али Ахмети со 11.6, по што следи Максим Димитриески со 8.9, па Арбен Таравари со 7.9 проценти, па дури тука е Стево Пендаровски со 7.3, колку што има и Димитар Апасиев. Дури на 7-мо место е лидерот на СДСм Димитар Ковачевски со доверба од 5.6 проценти.

Анкетата на Маркет Вижн, била спроведено телефонски од 15 до 24 март 2024 година, на примерок од 1.200 испитаници. Статистичката грешка е +/- 3%, а  интервалот на доверба изнесува 99%.   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста