Семејството на Тошта бара брза реакција од институциите, стравуваат за неговиот живот

Семејството на Тошта бара брза реакција од институциите, стравуваат за неговиот живот

Пинг понг меѓу институциите додека семејството на Александар Јаневски Тошта осуденикот од 27 април, чека телефонски повик  од затворот и стравува за неговиот живот.

Сопругата на Јаневски  бара одговори од сите надлежни институции и алармира дека нејзиниот сопруг три месеци не е однесен на контрола после стентот на срцето, а не му ниту направена крвна слика иако е тежок дијабетичар и има висок притисок.

Со месеци чека на второстепена одлука за наводното бегство за кое го теретат додека тој бил во Охридската болница на хируршка интервенција. Ги моли надлежните да не си ја префрлат топката туку веднаш да го сместат во полуотворено одделение. Но одговори се уште нема ниту од кај Народниот правобранител ниту од Управата за извршување на санкции.

Имено, по сториите на Алфа, тим од кај Народниот правобранител минатата недела влезе во штипскиот затвор, но и тие како и сопругата на Јаневски чекаат на одговори од Управата за извршување на санкции и од Охридската болница.

Врз основа на прибавените информации, а со цел Народниот правобранител да утврди дека правата на осуденото лице се повредени од страната на Установата, упатени се барања за информации и докази дп Управата за изврѓшување на санкции, до судија за извршување на санкции и до болницата за кардиоваскуларни болестиво Охрид, па од содржината на истите ќе заврши исходот на постапката, велат од кај Народниот прравобранител.

Од Управата за извршување на санкции не одговараат ниту на повиците на Алфа. Имено, Александар Јаневски Тошта пред неколку месеци беше на дисциплинска зошто затворот во Штип го терети дека се дал во бегство и покрај уредната документација од Охридската болница според која тој викенд му бил вметнат стент.

Семејството со месеци моли надлежните да не се изживуваат со Јаневски Тошта и се убедени дека ова му се случува бидејќи тој е осуден за тероризам и е дел од според нив политички предмет за кој притискаше власта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста