Во фокус: Не беше ветено, но беше формирано – што работи Министерството на Артан Груби?!

Во фокус: Не беше ветено, но беше формирано – што работи Министерството на Артан Груби?!

Четири милиони евра буџет, 370 тина вработени кои во цела година ќе одржат просечно пет работилници или семинари и ниту еден покрупен проект. Во Министерството на Артан Груби се зема просечна плата над 40 илјади денари, буквално за ништо. Проекти нема, ама затоа кабинетот на министерот често служи како игротека на ДУИ и славење родендени.

Организирањето на забава по повод годишнина од Рамковниот договор и школата за млади лидери се единствените активности на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. За оваа институција често пати може да се слушне дека е „прифатилиште на кадрите на ДУИ“.

Официјалната интернет страница не е многу активна. Последната објава е од 23 јануари. На овој веб сајт не може да се види речиси ништо друго освен промотивни текстови –  каде бил министерот Груби, што изјавил, каде гостувал и со кого бил на средба. Дел од главните дејности на Министерството се однесуваат на: 

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги врши работите што се однесуваат на:

Функционирање на политичкиот систем.

Политичкиот живот и односите меѓу заедниците.

Колку и какви проекти организираше Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во 2023 година, какви проекти се предвидени за 2024, колку изнесува буџетот и дали имаат конкретни резултати за подобрување на односите меѓу етничките односи, одговор од оваа институција се уште нема.

А токму ова министерство не ги почитува основните принципи за мултиетничко општество и го прекршува Рамковниот договор. Балансерот не е застапен правично па така 53% од вработените се Албанци, 38% Македонци, а останатите проценти се Турци, Роми и Бошњаци – другите етнички заедници не се застапени со ниту еден процент.

Вработени во 2022 година

Албанци 52,74%

Македонци 37,62%

Турци 4,21%

Роми 2,23%

Бошњаци 1,24%

Проблем не е само балансерот туку и дали овие луѓе воопшто одат на работа? Зградата во која е сместено министерството има капацитет за околу 180 вработени. Таму се сместени неколку институции, и деловен простор. А само во министерството на Груби оваа година се врабтоени 370 луѓе – два пати повеќе од предвидениот капацитет. Изгледа од поодамна ги користат мерките за штедење и работа од дома, па најголем дел од нив се појавуваат на работното место.

Министерството беше основано во 2019 година, кога Собранието со двотретинско мнозинство ги усвои Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Во 2020 година Министерството имаше 1400 вработени и буџет од девет милиони евра за плати на вработените.

Институцијата со која раководи Груби беше на тапет и поради нерационалните трошоци од илјадници евра за жардињери, ажурирање на веб сајт и перење автомобили.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста