Втор ден „Женски економски форум“: Македонија ќе се соочи со недостиг на работна сила, при евентуално членство во Европската унија

Втор ден „Женски економски форум“: Македонија ќе се соочи со недостиг на работна сила, при евентуално членство во Европската унија

При евентуално членство на Македонија во ЕУ, ќе бидеме соочени со истите предизвици како и Хрватска, емиграција, недостиг на работна сила, предупредува Бисера Карановиќ,  ЕУ ескперт и консултант, главна говорничка на вториот ден од „Женскиот економски форум“, што се одржа викендот во организација на Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, „Global Shapers Skopje Hub” и Факултетот за Туризам и Бизнис Логистика при УГД Штип, на тема „Штедење и инвестирање“, на апликацијата ZOOM.

Водејќи се од искуството во Хрватска, каде живее и работи, Карановиќ нагласува дека покрај можните национални специфики, од аспект на слободното движење на луѓето – работниците ќе одат таму каде што ќе бидат подобро платени, а капиталот ќе се слева таму каде што е повисок приносот. Според неа, друг предизвик ќе биде пристапот до ЕУ фондовите.

-Тие секако се асоцијација за значителен економски раст, но на Македонија и е неопходна силна институционална рамка како и зголемување на апсорптивниот капацитет на ЕУ средства, за кои досега се покажуваме неефикасни. Само ова имплицира потреба од зајакнување и на компетенциите за водење на ЕУ проекти, нагласува Карановиќ.

Во панел сесијата именувана како „Динамиката на економскиот раст и можности за штедење и инвестирање во 2024 година“ учествуваа Андријана Поповска, извршна директорка на ВФП Фонф Менаџмент АД Скопје, Анета Крстевска, главна економистка на НБРМ и Билјана Станковска, директорка на продажба во CAPITAL Финансиски Центар.

Овој форум опфати и интерактивна работилница на тема „Штедење, инвестирање и ризиците од инвестирањето низ призмата на пензиските фондови“ реализирана од страна на Фанче Костенчева Пандиловска, раководител на одделение за управување со инвестициско портфолио во Триглав.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста