Израел, Косово, Украина, терористички ќелии – Советот за безбедност заклучи дека Македонија е безбедна
Безбедносносната состојба во државата е стабилна и нема индиции за нејзино нарушување. Државниот врв на маса ги ставиле ризиците и информациите со кои располагаат државните органи за воениот конфликт во Газа, војната во Украина и состојбата на Северот од Косово. Советот порачува надлжените да продолжат да ги следат состојбите и да бидат на готовс со можни сценарија согласно развојот на настаните.
- „По однос на безбедносната состојба во државата, беше оценето дека таа е стабилна и дека нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување. Како членка на НАТО, Република Северна Македонија е во редовна координација со Алијансата и сојузниците по однос на активности кои се преземаат за зајакнување на безбедноста во евро-атлантскиот простор“ стои во соопштението од Вила Водно.
Од Вила Водно нема подетални информации дали воошто на седницата станало збор и за стравувањата за можни терористички напади во Европа, како и за информациите на италијанскиот весник „Ил Темпо“ дека тамошните разузнавачки служби откриле 20-тина терористички ќелии на Балканот од кои дел и на македонска територија.
Шефот на државата на седница ги свикна членовите Џафери, Ковачевски, Спасовски, Петровска, Османи, двајца универзитетски професори и еден поранешен министер како дел од ова тело, но и првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски како и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу дискутираат за безбеноста во државата.
Иако по секоја седница на Советот за безбедност, Пендаровски се обраќа пред македонската јавност на прес-конференција, овој пат тоа не беше случај.
Состанокот на Советот доаѓа и по гласањето на Јорданската резолуција во Обединетите нации со која се повикува на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје“ меѓу Израел и Хамас, а за што земјава остана воздржана.