Ивановска: Имаше многу политички експонирани личности кои се пријави за конкурсот за нова ДКСК

Ивановска: Имаше многу политички експонирани личности кои се пријави за конкурсот за нова ДКСК

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, очекува Комисијата за селекција да не потклекне на политичките влијанија при изборот на новите членови. На Ивановска не и се допаѓа  тоа што многу политички експонирани личности се имат пријавено на интервјуата за избор на членови на новиот состав на Комисијата за спречување на корупција, која со работа треба да стартува од 8 февруари, наредната година.

  •   „Ми пречи тоа што имаше многу политички експонирани личности кои се пријавуваат да бидат членови на едно сосема независно тело. Ние кога се пријавивме и кога не избраа бевме сосема растеретени од политика и се надевам дека Комисијата за селекција нема да трпи политички влијанија за да избира такви ликови„ изјави денеска во Штип, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Ивановска потенцираше дека тие како Комисија имат отпочнато многу постапки, а како едени од потешките ги посочи предметите „Бехтел и Енка”,„Преуредување на салата „Борис Трајковски” за потребите на ОБСЕ„, како и „Тендерите во Државна лотарија“. Се надева дека до крајот на јануари, наредната година овие три предмети ќе бидат завршани, а со тоа ќе го одбележат и работењето на нивниот мандат.

  •   „Многу е рано да кажам до каде сме, бидејќи туку што го отворивме предметот и допрва ќе ја бараме потребната документација  од Државната лотарија. Меѓутоа, имајќи ја во предвид работата по претходни предмети поврзани со тендери, јас очекувам дека ќе најдеме значителни информации коишто би требало да послужат понатаму на Јавното обвинитителство да постапува“ рече Ивановска.

Во изминатите пет години Комисијата има отворено голем број на прашања, но според Ивановска проблемот е во тоа што немат понатамошна разрешница. Таа смета дека недонесувањето на Законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и високораководните структури се должи на фактот што партиите не можат да се договорат. Инаку Ивановска, денеска го посети штипското основно училиште “Гоце Делчев”, каде со учениците во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста„ дебатираа за корупцијата и како истата да се спречи.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста