Распуштање на обвинителскиот и судскиот совет – Правниците позитивно гледаат на предлогот на ВМРО ДПМНЕ

Распуштање на обвинителскиот и судскиот совет – Правниците позитивно гледаат на предлогот на ВМРО ДПМНЕ

Судски совет и Советот на јавни обвинители да се самораспуштат и самите да си се изберат на непосредни избори. Дел од правната фела вака ја толкува пораката на лидерот на вмро дпмне Христијан Мицкоски и очигледно новиот мандатар на Владата. Тој најави реформирање на двете клучни институции во кои седат главите на правосудството, судскиот совет и советот на јавни обвинители и вршат избор, оценувања и разрешувања на судиите и обвинителите. Претседателот на Транспаренси Интернешнл благоја пандовски вели дека Христијан Мицскоски апелира до членовите на судскиот освет и советот на обвинители самите да си ги решат проблемите, а на власта не и е на крај памет да се меша и да вметнува свои луѓе во правосудниот систем.

Членовите на овие клучни правосудни институции се пристрасни при оценката на своите колеги бидејќи доаѓаат од редовите на судиите, коментира Пандовски во однос на поставеноста на членовите на судскиот и обвиниетлскиот совет. тој предлага нови законскји решенија.

Rаботата на правосудните институции го допреа дното откако според анкетите довербата во судскиот систем пана на статистичка грешка од 2 %.

Судскиот совет изминативе години работи со голем број скандали и е критикуван за несовесно работење од претставниците на межунаародната заедница кај нас.

Оценската мисија на ЕУ која влезе во советот по избивањето на скандалот со разрешувањето на претстедателката Весна Дамева даде 40 препораки ова тело самото да се реформира.

Последниот извештај на ЕК говори за нетрансрентноста на Советот на обвинители при изборот на членови како и за партиски влијанија и непотизам при избори на судии во Судскиот совет.

Според познавачите корените во борбата со корупцијата почнува токму од тука, од врвот на најбитните институции во судскиот систем.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )