ДУИ би можела да изгуби два пратеника

ДУИ би можела да изгуби два пратеника

Ова не е крајниот резултат на изборите, ДУИ може да изгубат двајца пратеници, поради неправилности во процесот – вели за ТВ Алфа Изет Меџити од коалицијата „Вреди“, кој додава дека во изборните единици 2 и 6 разликата помеѓу нивниот резултат и оној на ДУИ е многу мала, а дел од резултатите не се поклупуваат.

  • „Ова не е крајниот резултат бидејќи на многу места за малку се губи или се добива пратеник. Така што, треба да почекаме до крајниот резултат. Во 6та изборна единица, ако се исправи грешката, од само 80 гласови, резултатот ќе биде наместо 9/7, 8/8. Очекуваме и во 2та изборна единица, на ивица е нашиот 4ти пратеник. Има и некои други детали, но со тоа се занимаваат од правниот сектор.“ – Изјави Изет Меџити од „Вреди“

Според извори на Алфа, приговори се очекуваат и од СДСМ, кои во дел од изборните единици имаат мала разлика со ДУИ, но и покрај нашите телефонските јавувања , оттаму не потврдија дали ќе поднесат приговори или не. Таков е случајот во петта изборна единица, каде што социјал-демократите добиле 16,42% од гласовите, додека пак интегративците 16,49%, односно вкупно 0,7% разлика помеѓу двете партии.

Оваа ситуација става под знак прашалник дури 3 пратеници на европскиот фронт, предводен од ДУИ.

Но, дури и да не се прифатат приговорите кои доправа треба да се поднесат до државната изборна комисија, пратеничката група на ДУИ е на стаклени нозе, бидејќи дел од 8те партнери кои се во коалицијата на ДУИ, веќе испраќаат сигнали дека постои можност тие да преминат во владечката коалиција.

Во телефонски разговор, за Алфа ТВ претседателот на државната изборна комисија, Александар Даштевски, вели дека досега до нив нема пристигнато ниту еден приговор. Рокот за приговори за изборите истекува денес во 23:30 часот.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )