Први информации за настрадани по ударот на брод во мостот во Балтимор: најмалку 20 работници завршиле во реката

Први информации за настрадани по ударот на брод во мостот во Балтимор: најмалку 20 работници завршиле во реката

Излегуваат првите информации за повредени и евентуални жртви од уривањето на мостот “Френсис Скот Ки” во Балтимор, САД, откако брод со сингапурско знаме удрил во него. Најмалку 20-тина работници завршиле во реката во моментот на уривањето , изјави за Би-Би-Си, Кевин Картрајт од противпожарната служба во Балтимор.

Во моментот на ударот на мостот имало автомобили кои по уривањето на мостот завршиле во реката, пишува Индекс.хр.

Бродот тргнал од терминалот во Порт Бриз околу 00:45 часот, по локално време. Удрил во мостот околу 45 минути подоцна. Бродот е долг 300 метри и бил на пат кон Коломбо, Шри Ланка.

Во моментов нема официјални извештаи за жртви, а американската крајбрежна стража и други државни агенции на Мериленд се приклучија на спасувачката операција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста