САД најавија дека ќе најдат начин да го предупредат Израел да не започнува офанзива врз градот Рафа

САД најавија дека ќе најдат начин да го предупредат Израел да не започнува офанзива врз градот Рафа

САД денеска најавија дека ќе најдат начин да го предупредат Израел да не започнува офанзива врз градот Рафа, откако израелска делегација ја откажа посетата на Вашингтон поради усвојувањето на резолуцијата на ОН со која се бара итен прекин на огнот во појасот Газа.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, рече дека САД „веруваат дека тој вид инвазија од големи размери би била грешка“ и додаде дека државниот секретар Ентони Блинкен, разговарал за ова прашање со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, кој е во посебна посета на Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста