Прв ден од „Женскиот економски форум“: Моќта на информацијата е клуч за финансиска независност, малите и средните претпријатија се суштински за развој на Македонија

Прв ден од „Женскиот економски форум“: Моќта на информацијата е клуч за финансиска независност, малите и средните претпријатија се суштински за развој на Македонија

Моќта на информациите и заедницата е клучна за финансиската независност, а финансиската писменот е коренот на зајакнувањето„ – ова се само дел од заклучоците на првиот ден од Женскиот економски форум што се одржа вчера попладне, на онлајн платформата ZOOM, а на која присуствуваа повеќе од 350 учесници, мнозинството студенти и млади. Форумот е во организација на Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“, Global Shapers Skopje Hub и Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Панелистките Габриела Кулебанова, претседател на Центарот за ММСП при Стопанска комора, Наташа Шапкалиевска Србакоска, директор на сектор за физички лица во Прокредит банка и професорката Татјана Бошков, декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“, јасно исцртаа колку е суштинско работењето на малите и средните претпријатија во Македонија: од синџирите на снабдување се до регионално и глобално вмрежување со цел економски раст и развој, како и фриленсерството како можност за бегство од лош работодавач и финансиски спас – посебно за млади луѓе во мали и сиромашни средини, а со фокус на зајакнување на жените и охрабрување да бидат носители на успешни бизниси.

Во рамките на овој форум свои предавања имаа Маријана Андриќ, бизнис консултантка од „MARAND consultants“ на тема „Нов бизнис во дигиталната ера“ и Ева Нединковска, основачка и менаџерка на Центар за обука ЕВА и бизнис консултанткана тема „Финансиско планирање за нови мали бизниси“. Учесниците имаа можност да ја разберат суштината на финансискиот план, финансиските советници како и истрајноста во реализацијата на една бизнис идеја/проект.

На самиот крај, според предвидената агенда Фросина Трајковска од Global Shapers Skopje Hub го спроведе квизот и наградата финансиски планер од „Мои Финансии“, а најсреќната ушесничка си доби ваучер за прсуство на Обука за претприемништво „Се за бизнис“ во организација на Ева Тренинг Центар, на 30 март.

Мисијата на овој економски форум продолжува да работи на недостатокот на финансиска еднаквост, што де факто, е глобален проблем и неправдa коja влијаe на жените во различен степен, во зависност од нивното потекло. Денеска, со почеток во 17.00  на платформата ZOOM, е вториот дел од Женскиот економски форум. На тема „Динамиката на економскиот раст и можности за штедење и инвестирање во 2024 година“ панелистки се: Андријана Поповска, извршна директорка на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, Анета Крстевска, главна економистка на НБРМ и Билјана Станковска Арсова, директорка на продажба Капитал Финансиски Центар. Во врска со „Штедење и инвестирање: хрватско искуство – 10 години пост – ЕУ” ќе зборува главната говорнича, Бисера Карановиќ – ЕУ експертка, доцент, консултантка.

Главен модератор на форумот е Ана Дукоска, претседател на „Јас Сум Жена“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста