Во ФОКУС – СДСМ и ДУИ заборавија на ветувањата за здрава животна средина – од удобните фотелји полесно се дише

Во ФОКУС – СДСМ и ДУИ заборавија на ветувањата за здрава животна средина – од удобните фотелји полесно се дише

Организирање т.н. паркобрани, гушкање дрва и критики за загедоноста во Македонија беа секојдневна глетка за јавноста, се до 2017-та. Се додека тогашната опозиција, не стана влст, па оттогаш, повеќе не гушкаат дрвја. Откако се вдомија во удобните канцеларии, изгледа полесно дишат, па заборавија на заложбите за здрава животна средина, но не заборавија да ја укинат масовната граѓанска акција „Ден на дрвото“, на што еколозите остро реагираа. Реагираат и граѓаните разочарани се негрижата на власта за животната средина.

Во главнииот град, една од критичните точки е пропаднатата фабрика Охис, за која власта се фалеше оти ги чистеле депониите со Линдан, но реалната слика е дека процесот е далеку од завршен.

Само во пораншниот хемиски гигигант Охис се уште има закопано десетици илјади тони отпад, за кој не е целосно познато, колку е штетен за почвата, подземните води и населбите во непосредна близина.

Освен Линдан, анализите во околината на фабриката покажале дека во почвата има присуство на жива. Од министерството за животна средина велат дека досега од Охис се отстранети 1600 тони опасен отпад, и нешто над 300 тони контаминирана земја.

Остануваат уште околу 2000 тони контаминиран материјал да се ископа, спакува и транспортира. Според естимациите во студиите, има уште околу 1300 тони почва под депонијата, но точните количини ќе се знааат во текот на ископот на останатиот дел од депонијата. – велат од Министерство за животна средина.

Професорот по хемија Трајче Стафилов, вели дека најкритични се оние локации, каде е депониран индустриски отпад од фабриките кои се затворени по распадот на СФРЈ.

Тука би го истакнал проблемот со Охис, тие депонии ги викаме депонии на Линдан, а таму има најмалку Линда, создадени се при производството на Линдан како пестицид, па споредните други производи што исто толку токсични. Треба уште многу да работиме, можеме и побрзо, ако имаме средства, ако имаме пари. Има и други алтернативни решенија, привремени, покривање или слично, но немаме такви активности засега, кажа проф. Д-р. Трајче Стафилов – Институт за хемија при ПМФ – Скопје.

Па додека Охис и жителите на Кисела Вода чекаат некои подобри времиња за да се реши овој проблем, главниот град се соочува и со друг. Главниот град е задушен во бетон со огромни згради или дивоградби кои не дозволуваат провев. Но, Скопје и покрај тоа што од година во година е на врвот на светските листи по загаденост, не е единствен во Македонија. Познати се уште 13 жешки критични точки.

Професорот Стафилов вели дека ретки позитивни примери кои работат по сите еколошки стандарди се приватните рудниците кои имаат национални концесии. Но истото не може да се каже за државните фабрики.

Депонијата на троска создадена од работата на топилницата во Велес која што е практично во градот, која што има околу 2 милиони тони троска, богата со голем број потенцијално теоксични течки метали. Таа не е покриена, загадени се почвите во Велес и во околината, земјоделските производи и тн.. Таа е настаната пред 3/40 години како таква и го загадува градот. Нашите испитувања на прашина од куќи кои што сме ги земале пред извесно време, покажале присуство на прашина богата со вкакви тешки токсични метали , вели проф. Д-р. Трајче Стафилов – Институт за хемија при ПМФ – Скопје.

Алармантна е состојбата со огромните депониите од троска, создадени од работата на Југохром и Силмак во Јегновце. Тие се наоѓаат над поздемното езеро кое го снабдува со вода питкиот извор Расче. Потенцијална еколошка катастрофа која што е прашање на време кога ќе се случи. Покрај овие индустриски депонии, јавноста постојано е сведок на нови диви депонии. Предизборно ветување на власта, со кое тешко успеваат да се справат.

Ќе изградиме регионални центри за управување со отпадот во три региони… Ќе изградиме пречистителни станици за третман на отпадните води… Ќе обезбедиме поволни кредити за замена на еколошки застарени технологии… пишува во предизборната програма – План за „Живот“ во Македонија.

Ова се само дел од ветувањата во „Планот за живот“ кои и повеќе од 7 години подоцна останаа само на „ќе“. Покрај почвата, подземните води и воздухот, со еколошка катастрофа се соочува и второто најголемо природно езеро во Македонија, Преспанското, кое изгуби повеќе од 10 метри од својата висина.За справување со овие проблеми, власта единствено воведе такса за корситење на најлонски кеси, но, овие пари немаат јасен траг, за што се се употребуваат.

Никола Цветковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста