Протест против дигитализацијата: Барања за референдум и оставка од Царовска

Неколку стотици родители и наставници денеска маршираа против најавените образовни реформи. Протестот започна точно на пладне од пред Министерството за образование, од каде демонстрантите мирно се упатија кон Владата, а заврши пред законодавниот дом.

Нашите деца не се за експериментирање затоа сакаме веднаш стопирање на законот на учебници, бидејќи се носи без  консултации со сите засегнатите страни – сакаме дијалог а министерката Царовска  сака да држи монолози – порачаа родителите.

Нашите деца не се експеримент. Денес ќе кажеме дека детето треба да биде пред се! Политиката настрана од нашите деца. Ескпериментите настрана од нашите деца. Го урнавте столбот на образовниот систем, а ја градите чатијата. Денес ќе кажеме дека е време за проемни во образовниот систем, коренити промени кои ќе бидат по мерка на ученикот, порача Драгана Спасевска-иницијатива „Учебници и настава мора да има“.-

Од понеделник, покренуваат и иницијатива со која бараат преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи.

Освен стопирање на законот за учебници, стопирање на програмата за  сексуално образование, граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ бараат децата да се вратат во клупите на настава. Министерството за образование денешниот протест во многу градови во Македонија го нарече апсурд оти бил против напредок во образованието, а промените морале да се случат.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста