Регулација на коритото на Вардар во долнополошко ќе ги спаси селата од поплави и полето од уништување -но, проектот стои во фиока

Чести поплавувања и непроценливи штети по нивите и плодните површини предизвикува нерегулираното корито на Вардар во долнополошкиот крај.Земјоделците се жалат, дека полето е веќе уништено.Нивите се  велат,со песок и кал,па не може ниту да се сади.

 Се случува сено време е да го вадиш, ќе поплави се и ништо нема..Си посадил ченка или друго нешто, го уништува,прави штета.И самата површина, почвата, ја менува структурата на земјата.Порано ова било плодно земјиште, сега е пеплиште-рече Ристе Бојкоски-Земјоделец.

Проектот за регулација на коритото на Вардар постои, но, само на хартија.Неговата реализација,која ќе ги спаси селата од поплави и полето од уништување,се најавува само пред избори, се жалат мештаните.

Во општина Јегуновце велат дека тие имаат доставено проект до Министерството за транспорт. Одтаму чекаат пари и зелено светло,оти се работи за сума од околу 6 милиони евра,која локалната самоуправа не може да ја обезбеди.

Долнополошките села речиси секоја година се поплавуваат.Освен штетите по домовите кои се покрај реката,и полето е постојано под вода, па полека згаснува и земјоделството во овој крај, а луѓето се исселуваат.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста