Прилепска пиварница засади 100 дабови садници кaj „Св. Димитрија“ во Селце

Прилепска пиварница засади 100 дабови садници кaj „Св. Димитрија“ во Селце

      Стогодишната успешна приказна за постоењето на македонскиот бренд на пиварската индустрија, Прилепската пиварница, денеска ја одбележа со донација и засадување на 100 дабови садници. Еко-акцијата се спроведе крај Манастирот „Св. Димитрија“, каде пред неколку години голем шумски пожар проголта неколку стотици хектари шума, а беше загрозен и самиот манастир.

    „Ја продолжуваме нашата зелена агенда која што е топ-приоритет во нашето постоење и во нашето работење последниве неколку години со тоа што се грижиме за заштита на животната средина, на почвата, на водата и на воздухот со континуирани активности и со континуирани инвестиции во намалување на отпадните води, во намалување на грамажата на пет-амбалажата, во намалување на испуштањето на штетни гасови во воздухот“, – изјави Сашо Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница.

    „Бројката 100 е заради годишнината, а дабовите дрвја се синоним на еден од нашите брендови – „Златен даб“, објаснува Самарџиоски и додава дека во Македонија малубројни се компаниите кои можат да се пофалат со вакви јубилеи, особено во пиварската индустрија. Турбулентни времиња низ десетте децении, но и сега им задавале сериозни удари, но посветената работа, ги одржувала речиси секогаш на врвот.

   „Крали Марко“ е еден од брендовите со кои е започнта Прилепска пиварница така што како бренд постои веќе сто години. Имаме доста млада екипа, млад тим, а менаџерскиот тим се труди да даде максимум во овие тешки, турбулентни времиња да ја одржи фирмата во добра финансиска состојба“ – посочува Самарџиоски.

   Ваквите еко-акции се од особено значење и за самата локална зедница, особено кога во нив се вклучуваат општествено-одговорни компании, како позитивен и авангарден пример за сите останати чинители, велат од ЛС Прилеп, кои и самите зедоа учество во денешната акција. 

   „Секоја година општината и заедно со неа сите активисти, општествено-одговорни компании активно придонесуваме за збогатување на раститетлниот свет околу Прилеп“, – истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

   Инаку, првиот човек на Прилепската пиварница, очекува дека после изборите, во Македонија ќе се формира стабилна Влада чиј прв и главен приоритет ќе биде заздравувањето на домашната економија, која во последниве неколку години се соочува со бројни тешки предизвици, опстојувајќи на работ од рентабилноста.   

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста