Сиљановска-Давкова: Остануваме силно посветени на духовните вредности што нè движат напред
„На сите верници кои чествуваат според Грегоријанскиот календар им го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.
Пожелувам добро здравје, мир, семејна хармонија, лична и колективна благосостојба.
На овој голем христијански празник, кога се слави победатата над неправдата, на раѓањето на новиот почеток, остануваме силно посветени на духовните вредности што нè движат напред.
Преку меѓусебно почитување и разбирање да продолжиме да ги градиме вредностите на мир, соработка и толеранција. Само на тој начин, заеднички ќе изградиме поубаво општество за сите граѓани.
Честит Велигден! “ – вели кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.