Алфа анализа: Што уште можат да распродадат СДСМ за пак да бидат власт?!

Алфа анализа: Што уште можат да распродадат СДСМ за пак да бидат власт?!

Не ви продавам магла кога ви кажувам дека ќе излеземе како победници. Оваа коалиција има неколку кратно поголем коалициски потенцијал во однос на она што го има другата страна. Победата ќе биде  на наша страна слично како 2016 кога сите политички партии доаѓаа кај насизјави претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски.

Коалицијата ќе направи се, Македонија да продолжи по овој пат. Таа коалиција ќе победи и ќе формира влада со која ќе станеме земја членка на ЕУ – рече претседтелот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Дали овие изјави на претседателскиот кандидат на СДСМ и партискиот шеф покажуваат дека социјалдемократите се спремни да прифатат секакви услови од потенцијалните коалициони партнери но и да се согласат на максимална распродажба на националните интереси само да останат на власт? Упатените анализирајќи ги претходните изборни процеси, и како СДСМ остана на власт овие седум години, велат дека станува збор за нивната попустливост – расфрлање со министерски и директорски позиции на партии кои имаат освоено помалку пратеници од нив но ја имаат моќта да ги условуваат за формирање влада.

Ковачевски шири една мантра меѓу неговите потенцијални гласачи како тој ќе освоел 30 пратеника и со 24-5 албански ќе ја условел владата и ќе ја има власта. А дека ДУИ кои ги спремаат да бидат опозиција ќе ја гласаат таа влада, и таа влада ќе биде малцинска нешто како во Бугарија, тие паѓаат нонстоп. Ковачевски нема со што да се легитимира, тоа е исто како мене да ме предложат за министер за здравство. Што направил тој како премиер? Ништо. Може ли со ништо да се излезе на избори? Очигледно може, но ништо нема да добиете – вели новинарот Драган Павловиќ-Латас.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ чии црвени линии се јасни, СДСМ би прифатиле и работи кои не се за прифаќање – потврдно одговара аналитичарот Александар Кржаловски. Тоа не е ништо ново, вели директорот на Центарот за меѓународна соработка (МЦМС), го видовме истото сценарио во 2016 година кога ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе пратенички места но не успеа да формира влада бидејќи социјалдемократите ги задоволија апетитите на коалиционите партнери.

Прашање: ВМРО-ДПМНЕ според она што го гледаме се подготвени да коалицираат но со одредени услови, дали СДСМ би прифатиле некои работи кои не се за прифаќање?

  • Мислам да, но претходно треба да се исцрпат сите други можности. Еве да речеме дека ВМРО-ДПМНЕ исклучува коалиција со Левица, но не значи дека Левица нема да поддржи влада на ВМРО-ДПМНЕ…. Ако еве на пример ВМРО-ДПМНЕ и Знам заедно освојат 61, тогаш ќе се уништат сите тие барања од албанскиот блок и условите ќе им паднат во вода. На крај ќе се видат бројките, и ќе почнат преговорите. Но едно е да се преговара со 59 пратеника друго е со 61. Верувам дека сите тие барања како услов за коалицирање на голем дел од партиите ќе паднат во вода – вели аналитичарот, Александар Кржаловски – директор на МЦМС.

Социјалдемократите сите овие години правеле низа отстапки, сметаат аналитичарите – и на чело со Зоран Заев и неговиот наследник Димитар Ковачевски. За да ја задржат стабилноста на коалицијата, СДСМ и ДУИ постојано внесуваа или исфрлаа и трет партнер. Се даваа министерски и директорски места и на Алијанса за Албанците, БЕСА, Алтернатива.

Нивната попустливост се покажа и по изборите во 2020-та. Иако СДСМ настапи со иницијатива ДУИ да бидат испратени во опозиција, на крајот пак коалицираа со нив, па дури им ја исполнија и желбата во последните 100 дена до избори, да има премиер да биде Албанец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста