Предизборниот фолклор за вработувања не престанува: 1117 во здравството, уште 1000 други низ државните институции

Предизборниот фолклор за вработувања не престанува: 1117 во здравството, уште 1000 други низ државните институции

Власта продолжува со популистичките мерки на само 5 месеци пред изборите. Иако имаа 7 години време да го решат статусот на над 1000 вработени во јавното здравство, дури сега најдоа за сходно да ги вработат на неопределено.  Се чини дека изборниот фолклор за вработување пред избори кој СДСМ претходно го критикуваше, не само што не го искорени, туку и го засили.

Премиерот и министерот за здравство денеска најавија дека 1117 лица ќе бидат трајно вработени во здравствениот систем.

Денеска на владина седница донесовме одлука за одобрување на вработување на неопределено време во јавните здравствени установи за вкупно 1117 лица.  Се работи за работни места за кои здравствените установи имаат доставено податоци за вработување на приоритетен кадар, рече Ковачевски.

И министерот за здравство Меџити не ја испушти приликата да се пофали дека ги решавале проблемите со вработувањето во здравствто, ама заборави да напомене дека тоа го прават баш пред избори.

Денеска решаваме статус на 1.117 лица медицински персонал, помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со Одлука на Влада се отвора можност вработување на неопределено време во Јавните здравствени установи. Средствата за одобрените вработувања на неопределено време се обезбедени во рамки на Јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија“, рече Меџити.

Овие решенија за вработување се само дел од низата, на тоа што дел од јавноста го толкува како предизборен поткуп или влијание врз гласачите. Претходно во 5 до 12 на 10-тици интитуции им текна дека имаат недостаток на соодветна работна сила па покрај овие решенија за неопределено, се отворија над 1000 нови огласи за вработувања.

Над дури 500 вработувања се највени во државните електрани, 80 огласи за работа во Агенцијата за администрација, 41 нов работник се бараат и во Фондот за здравство, 15 нови му требаат на Османи во МНР, девет нови кадри ќе има и во транспорт и врски, осум во Министерството за информатичко општество, исто толку и во Општата болница во Велес.

И не е само тоа во ек на предизборите власта реши и дека ќе тера кампања вредна околи 300 000 милиони евра каде ќе не убедува колку е добра ЕУ, а дел од кампањата ќе се поколопи и со предизбоната претседателска кампања.

Како врв на случувањата, е и предлогот на Владата односно на министерот на финансии кој предлага од 1ви јануари секое министерство, претпријатие, акционерско друштво, агенција, општина сама да го прави планот за вработување, односно повеќе да нема потреба да добиваат дозвола од министерството за финансии. Со таквиот закон, голем дел од познавачите преупредуваат дека ќе се случи колапс на ситемот, и дека ќе се загуби и онака слабата контрола за вработување на јавна администрација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста