ДСЗИ ќе врши инспекциски надзор по смртта на родилката од Делчево, бебето се бори за живот

ДСЗИ ќе врши инспекциски надзор по смртта на родилката од Делчево, бебето се бори за живот

Инспектор од Државниот здравствен инспекторат го испитува случајот за 26 годишната родилка од Делчево која почина на КАРИЛ, откако и беше извршен итен царски рез во штипската Клиничка болница. . Предмет на разгледување ќе биде целата медицинска документација на родилката. Детално ќе се анализираат извештаите  од матичниот лекар во Делчево, како и од штипска Гинекологија.

  • Тоа што го направив е моја одговорност, денеска лично одсабајле иницирав вонреден инспекциски надзор и кога ќе имаме конкретен извештај веднаш ќе го споделиме тоа со вас„ изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Првични информации за тоа како дошло до трагедијата, од ДСЗИ најавија за утре.

   Во писмена форма со детали околу немилиот настан, денеска информираше и раководството на Клиничка болница, од каде изразија сочувство до семејството. На 26декември од Делчево допатувале со приватно возило. Имала закажано редовен преглед, бидејќи била во 39недела.   На Одделот за гинекологија и акушерство е примена околу 10,20минути. Но по десетина минути, откако и биз извршен прегледот пациентката колабира, со ниска тензија, немерлив пулс и знаци за шок.

  • „Веднаш е внесена во опрациона сала. Направено е итно породуваање со царски рез на бебето, кое е веднаш транспортирано на Детска клиника, а поради голема количина на крв во абдоменот, четворица хирурзи почнуваат операција за спас на пациентката. И покрај дадената крв и крвни деривати и операција, пациентката предоперативно, за време на операцијата и постоперативно е со тешка клиничка слика и хемодинамски нестабилна„ се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Откако ситуацијата и понатаму почнала да се влошува, конзилум од анестезиолози, гинеколози и хирурзи околу 16часот,одлучуваат родилката да ја транспортрираат на КАРИЛ во Скопје. Во текот на вчерашниот ден интерна комисија за контрола на квалитет и етички прашања при штипска Болница изврши надзор, при што е констатирано дека нема прпопусти во третманот на пациентката.  Телото е дадено на обдукција , по што ќе се утврди како дошло до нагло крварње во делот на абдоментот. 

Александра Ристевска

https://youtu.be/6kK9YDAflHE
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста