ТИРЗ ќе прави амбуланта и градинки вредни речиси 29 милиони евра – голем тендер пред избори
На пет дена пред Нова Година и на само пет месеци пред избори, Дирекцијата за индустриски зони склучила договор вреден фантастични, речиси 29 милиони евра, за изградба на времени објекти.
Тендерот го добила компанијата „Стетон градба“ која треба да изведе неколку објекти за времено сместување – амбуланта во зоната во Скопје, како и скалдишта и градинки во зоните Скопје, Штип и Прилеп.
Дирекцијата се обврзала во рок од 60 дена да исплати аванс во вредност од 20% односно речиси 6 милиони евра, а потоа да се плаќаат месечни рати.
Засега е нејасно зошто во зоните се градат амбуланта и градинки бидејќи ваква инвестиција воопшто и не беше најавена. Дополнителен сомнеж фрла сумата која за неколку објекти достигнува речиси 30 милиони евра, како и тајмингот, договорот е потпишан на само еден месец пред формирањето на техничката Влада.
Инаку „Стетон градба“ работи на повеќе државни проекти, меѓу кои и изградбата на железничкиот коридор Бељаковце – Крива Паланка, браната во штипско на реката Отиња, а е и еден од подизведувачите за изградба на автопатите, проект кој го доби Бехтел и Енка.
„Стентон градба“ е основана пред 20 години во битолското село Долно Оризари.