Oд денеска двојна кампања, за претседателски и за парламентарни избори

Oд денеска двојна кампања, за претседателски и за парламентарни избори

Со низа настани и активности од денеска, па до крајот на кампањата на 6 мај, партиите и коалициите ќе ги претстават своите изборни програми и кандидати за пратеници кои ги номинираат во изборните единици.

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја почнува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ кој ќе се одржи во музејот на современа уметност во скопје. Карванот на СДСМ и коалицијата, кој ќе го предводи партискиот лидер Димитар Ковачевски заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници, во текот на денот ќе продолжи во гевгелија и Демир Капија.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја македонија“, пак, кампањата за парламентарните избори ќе ја започнат со митинг во Охрид, а таму ќе се претстави и кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова. Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид ќе има низа активности на терен. Меѓу другото тој ќе направи увид на градежните активности во рамки на поранешната касарна.

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ почетокот на кампањата за изборите за пратеници ќе го означи со активности во Скопје, а претседателскиот кандидат Бујар Османи вечерва ќе одржи митинг во Куманово.

Велес е почетната точка од каде што партијата Левица ја почнува својата кампања. Оттаму ќе се обратат лидерот и пратеник Димитар Апасиев, својата изборна кампања во Велес денеска ќе ја претстави и претседателската кандидатка поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска.

Коалициајта „Вреди“ на опозициските партии на Албанците ќе одржи прес-конференција во штабот во Скопје на која ќе се обратат носителите на листите за кандидати за пратеници во сите изборни единици, како и претседателскиот кандидат Арбен Таравари.

Најавени се активности и на останатите учесници на изборите. И покрај молкот за претседателските, кампањата за парламентарните избори ќе продолжи и во текот 22 и 23 април кога согласно изборниот законик кандидатите за претседател нема да имаат промотивни активности 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста