Oвошјето и зеленчукот поветинија за 10%, ама експресно дел од производите ги снема од рафтовите на маркетите

Oвошјето и зеленчукот поветинија за 10%, ама експресно дел од производите ги снема од рафтовите на маркетите

2023-та или 1993-та? Сликите од раните 90-ти се повторуваат во дел од маркетите откако доматите, пиперките и јајцата ги снема од рафтовите по замрзнувањето на нивните цени. Од друга страна, на зелените пазари има се, но е многу поскапо. Во меѓувреме Владата продолжува да си игра со мерките, денеска одлучи да ги намали царините за увоз на јужно овошје.

Власта ја намали цената на овошјето и зеленчукот за 10%, ама експресно дел од производите ги снема од рафтовите на маркетите. Откако надлежните се пофалија дека цените се замрзнуваат, Алфа направи обиколка во неколку поголеми продавници, и од терен може да се види дека нема домати, пиперки, а некаде нема ниту јајца. Онаму каде што останало по нешто, тоа е веќе скапано и вон употреба. Од друга страна зелените пазари се полни со роба, но таму цените не се замрзнати и се многу повисоки.

Во некои од маркетите, пакетите со овошје и зеленчук осамнаа речиси празни, а граѓаните се револтирани зашто не можат да пазарат поевтино. 

Во меѓу време, од Владата се пофалија дека граѓаните во текот на зимава ќе купуваат поевтино јужно овошје, зашто биле зголемени квотите за увоз.

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 откри дека Владата утринава донела и одлука за намалување на царинските давачки за увоз на овошје и зеленчук од 65% на 10%. Ова нема да важи за доматите, краставиците и пиперките за, како што рече Бектеши, да им се остави простор на домашните земјоделци.

Одлуката била донесена на седница на Владата одржана утринава.

  • Зголемени се квотите за увоз на јужно овошје – лимони, портокали, мандарини и слично и оваа зима граѓаните ќе имаат многу пониски цени на овие производи. Наместо квота од 8.000 тони, ќе се зголеми за дополнителни 2 000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме многу пониски цени на јужното овошје“, рече Бектеши.

Покрај оваа, министерот откри дека Владата утринава донела и одлука за намалување на царинските давачки за увоз на овошје и зеленчук од 65 проценти на 10 отсто. Ова нема да важи за доматите, краставиците и пиперките за, како што рече Бектеши, да им се остави простор на домашните земјоделци.

  • Добро е што има зголемен извоз на земјоделски производи, но примарен треба да е нашиот пазар. Нашите трговци повисоки цени добиваат во соседните земји и преферираат да продаваат надвор од државата со што ние како држава двапати губиме – недостатокот го надоместуваме со увоз, за што се плаќа царина од 65 отсто. Така, пиперките наместо 100 денари веднаш чинат 165 денари без трговските маржи. Сакавме да ги заштитиме граѓаните и затоа ги донесовме овие мерки денес“, рече Бектеши.

Бектеши упати и порака до трговците дека Владата нема намера да субвенционира земјоделски производи, кои ќе се пласираат во други држави. Им порача на трговците навремено да обезбедуваат доволно количини овошје и зеленчук и да работат согласно Законот.

Од друга страна, Стопанските комори мерката за замрзнување на цените ја сметаат за нелогична, зашто го нарушувала слободниот пазар, и сиот товар ќе падне врз грбот на производителите.

Во меѓу време, клуч на врата добија пет маркети во Куманово, Кавадарци, Тетово и Гостивар, зашто не ја почитувале владината мерка и не ги поевтиниле производите. Како што најави директорот на Пазарен, селекција нема да има, и ќе се провeруваат и казнуваат сите маркети и маалските дуќани кои ќе си тераат по старо.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )