Различни цени на различни пазари во Македонија

Различни цени на различни пазари во Македонија

Прекупците и препродавачите заработуваат на грбот и на земјоделците и на граѓаните. Додека зеленчукот и овошјето стгинат од нива до трпеза нивната цена се зголемува и неколку кратно. Земјоделците добиваат едвај 20 до 30% од крајната цена, а најголемиот ќар оди кај трговците.

„Алфа“ направи обиколка и на кванташкиот пазар и на зелениот пазар во центарот на Скопје. Забележлива е драстична разлика.

На кванташки килограм пиперка може да се купи за 70 денари, на зелениот пазар достигнува цена и до 120 денари. Пиперките на едно место се 40, а на друго дури 120. Истото е и со патлиџанот – 40 денари на кванташки, 120 на зелен.

Продавачите на пазарот на големо не беа расположени да зборуваат пред камера, објаснуваат дека робата која не е од увоз ја купуваат директно од земјоделците, не сакаа да кажат колку им е заработката.

Продавачите на Зелен пазар, пак, не сакаа ни да кажат од каде и за колку ја набавуваат робата и колкав ќар имаат. Тврдат дека цените биле реални.

Граѓаните пак како да се навикнаа на поскапувањата, велат мора да се јаде.

Инаку минималната потрошувачка кошничка и натаму урива рекорди и во април ја надмина психолошката граница од 60.000 денари. Синдикатот пресметал дка за едно четиричлено семејство да го протурка месецот биле потребни 60.212 денари и тоа доколку не плаќа ќирија, односно има сопствен стан.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )