Почна Самитот „Македонија 2025“
Само преку странски инвестиции, иновации и нови технологии, Македонија може да постигне раст од најмалку пет проценти кои реално би ја подобрил состојбата на економијата и стандардот на граѓаните.
Никица Мојсовска Блажевски рече дека потребна е интезивна и темелна акција во наредниот период и дека Македонија досега слабо напредувала во поглед на економските реформи и битката против корупцијата.
„Значи ние државата ја гледаме како партнер, меѓутоа ние како организација сакаме да покажеме наш успех и да почнеме да работиме на тој пат на дигитализација, која што ја разбираме многу широко. Дигитализација за владини услуги за граѓани, дигитализација на владини услуги за компании, дигитална писменост на граѓаните и дигитални бизниси. Почнуваме да работиме во областа на дигитализација на бизниси, меѓутоа исто така ќе најавиме партнерство со неколку организации, ќе најавиме и големо партнерство со Стопанската комора на Македонија, а се надевам и со владата, заедно да им помогнеме на бизнисите да се трансформираат дигитално“, рече Никица Мојсовска Блажевски – извршен директор на Македонија 2025
Долгата транзиција и отсуството на значаен напредок ги попречуваат исто така способноста на претприемачите да размислуваат долгорочно. Сегашните геополитички случувања исто така дополнително ги усложнуваат и создаваат неизвесност на целокупното окружување и не оставале многу простор за реформи.
„Темите кои се за нас важни од аспект на бизнис заедници и од аспект на тоа како државата да оди напред, веќе отпочнаа и на првите панели. Тоа се меритократијата, борбата против корупцијата, тоа е потребата за една инфраструктура, која ќе не направи како држава конкурентни во однос на она што е соседни земји и каде оди Европа и светот. Тука е како извозот да порасне, како до образовниот систем биде подобар“, рече Живко Мукаетов генерален директор на „Алкалоид“.
„Македонија 2025“ го одржува 13-от самит во Скопје. Непрофитната организација беше формирана пред 17 години со цел Македонија до 2025 година да стане развиена земја, членка на евроатлантските интеграции, односно на НАТО и ЕУ.
Љубиша Владимиров