НБРМ: Годинава економијата ќе порасне за 2,6%, додека следната ќе забележи раст од 3,6%

НБРМ: Годинава економијата ќе порасне за 2,6%, додека следната ќе забележи раст од 3,6%

Слабата реализација на капиталните инцвестиции и слабите економски перформанси во последната година од власта на СДСМ и ДУИ ги влошија проекциите на Народната банка. Македонската економија ќе расте, но но побавно од она што е потребно. Според проекциуите на Народната банка годинава ќе ја завршиме со раст од 2,6 отсто, а наредната за 3,6%. Овие проекции на монетарната власт се различни од оние на Владата кои за годинава се позиционирани на 3,4%, но и пониски од есенските проекции на Народната банка за раст од 3%.

Послабиот раст минатата година особено послабите реализации на инвестиции при кои беше регистриран пад од 16,7 отсто , понатаму послаби остварувања во првиот квартал, од оваа година надолна ревзија на растот на нашите најзначајни трговски партнери и побавна реализација на јавните инфраструктурни проекти, Анита Бежовска Ангеловска – гувернер на Народна банка

Според пролетните проекции, инфлацијата ќе го задржи трендот на намалување, па за 2024 година се очекуива стапка од 3,5 отсто, а на среден рок  односно  во 2025-2026 се очекува да се сведе на историскиот просек од 2 отсто.   Ризиците во економијата сеуште постојат, а тоа се во најголема мера геополитичките случувања, цените на енергенсите како и регулацијата на маржите.

Кај нас се речиси двојно повисоки од пред пандемискиот период од нивото на светските цени на храната.  Од меѓународните финансиски институции се проектира натамошен пад на цените на храната . На среден рок се очекува враќање од околу 2 отсо на историскиот просек, Ризиците се уште постојат, коментираше Анита Бежовска Ангеловска

Реалзиацијата на странските директни  инвестиции во минатата година биле на ниво од 4, 4 отсто од БДП, а за годинава се проектираат 3,6 отсто. Олабавување на монетарната политика, НБРМ отвора можност да се случи во втората половина од годината доколку  условите  останат позитивни.

Што се однесува на глобално ниво, економскиот раст ќе се движи на ниво од 3,2 отсто што е под историските стапки пред пандемискиот период. Се очекува закрепнување на странската побарувачка и пад на цените на енергенсите и храната.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )