Бизнисмени: Македонија не смее да има раст под 5 проценти

Бизнисмени: Македонија не смее да има раст под 5 проценти

Македонија не смее да има раст под пет проценти е клучната порака од средбата помеѓу Стопанската  комора и раководството на организацијата „ Македонија 20 25 “. Според  Претседателот на комората , најголемата грешка за ситуацијата во која е македонската економија е тоа што во изминатиот период  државата цело време се потпира на надворешни решенија.  Зајакнување на правната држава, вложување во човечки ресурси, запирање на сивата економија и зајакнување на правната држава мора да бидат императив

Македонија грешеше во тоа што цело време се ослонуваше на надворешни решенија, мора да биде самоуверена дка може да стане држава од светски тип во интерес на компаниите и треба обединувачка платформа на сите субјекти . Мора да се работи итно на воведување на правната држава , таму каде не можеме да побараме поддршка, да се работи на пазарните принципи и секој да се однесува одговорно на своите активности, порача Азески.

Според основачите на „Македонија 20 25 “ мора  што побрзо да се зајакне животниот стандард. Македонија има ресурси и искуство  но многу е важно да се промени начинот на размислување за нивно  правилно  искористување и менаџирање.

Црна Гора, Грција, Бугарија, Косово се позиционирани подобро од што сме ние и растат побрзо од ние . Прашањето дали е можно да оствариме раст е грешно, треба да поставиме прашање зошто не можеме, нивото на раст е многу многу ниско, имаме одлични луѓе овде, и луѓе кои ја напуштаат државата и просперираат.  Никој не сака да остане каде што сме ние, има 50 милиони начини како да се оствари раст, но што ќе ставите како приоритет и како ќе ги искористите ресурсите, Мајк Зафировски коосновач на Македонија 2025

Македонија може да се задолжува ако тоа е потребно, а сите пари наменети за стопанството се добродојдени е коментарот на Азески за најавениот заем од друга држава во вредност од една милијарда евра.

Господ да е напомош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари во Македонија. Но тие пари мора да бидат употребени за продуктивни нешта. Тоа е ставот на Стопанската комора како најголема бизнис асоцијација. Значи, можат и може државата да се задолжува во наредниот период, но само за продуктивни цели. Овие искуства што ги имавме досега нè обврзуваат и зборуваат дека на тоа треба да се опстане, рече Азески .

Инаку, Македонија ја заврши 2023 година со економски раст од 1 отсто, а проекциите на НБРМ за годинава се 2,6 отсо,  а за 2025 година 3,6 %

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста