Реорганизација на ресорите во новата Влада – се најавуваат две нови министерства

Реорганизација на ресорите во новата Влада – се најавуваат две нови министерства

Две нови министерства –  за енергетика рударство и минерални суровини и за спорт најавува ВМРО-ДПМНЕ како идна владејачка партија најавува. Енергетика и рударство го воведуваат бидејќи досега тоа бил еден сектор во Министерството за економија кое многу слабо ја вршел работата. Планот е и досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во Министерство за спорт, а секторот млади да влезе во Социјална политика, демографија и млади. Ресорот труд да влезе во Министерство за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура.

  • „Политиките кои се однесуваат на енергетиката се спорадични, ад хок, без системски решенија, и заради тоа сметавме дека производството на квалитетна електрична енергија, со која ќе направиме енергетски стабилна држава, но и грижата за животната средина и за климата, треба да бидат усредоточени во едно министерство кое што целиот фокус ќе го има на енергетиката. Што ги извлекуваме секторите од Министерството за економија и дополнително ова министерство ќе има надлежност над сите јавни претпријатија за енергетика “ вели Стефан Андоновски – Дополнителен – заменик министер за МИОА

За реализација на плановите на ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде потребно двотретинско мнозинство во Парламентот. Дополнителниот –заменик министер Андоновски, посочува дека станува збор за национален проект, а не на една политичка партија па оттука очекува сите политички страни да се вклучат во носење на законските измени.  

  • „Прв закон кој што треба да се менува и е 2/3 закон е законот за организација и работа на државната управа. Јас кажувам дека тоа треба да е национален проект, не може да биде проект на една политичка партија. И затоа начинот на кој ќе се носи во Собрание нема да биде едностран. Ние како предлагачи, бидејќи се од нашата програма, можеме да изработиме една драфт верзија…“ посочува Андоновски.

Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да не се зголемува бројот на вработените, но ќе има реорганизација се со цел новите институции да бидат пофлексибилни и максимално да им служат на граѓаните.

  • „Знаете во моментов, има отприлика 10-тина иституции кои што се занимаваат со управување на некакви спортски објекти и овие вработени секако можат да бидат преземени во новото Министерство за спорт, како што ќе бидат и јавните претпријатија под една капа на Министерството. Сличен е и случајот за енергетиката. Јас повеќе би рекол не е проблем превработеноста како таква, туку превработеноста на едни, а дифицитарноста на други места “ вели Андоновски.

ВМРО-ДПМНЕ во програмата 1198, објави дека има во план намалување од 10% бројот на јавни институции, се предвидува укинување на позицијата заменик директор, како и намалување на управните и надзорни одбори и бројот на учесници во нив, за да се намали бесполезното трошење на народни пари.

https://youtu.be/A7b_jlaiARE
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста