Нови имиња на улици во Скопје

Нема трамвај, ниту програма за спас на Водно, нема ни намалување на загадувањето во Скопје, но ќе се менуваат имињата на улиците во главниот град.

Лева Патика, Медена Земја, Дејвид Боуви, Квин се само дел од предлозите за преименување на улиците.

Како предлози за улица да биде именувана по нив се и личности од Призренската лига, идеолошкиот предвесник на Голема Албанија, па така скопјани би можеле да живеат на улица со име Призрени Имер, Шкупи Јашар Беј, Шуку Халим…

Ако се изгласа предлогот во Скопје ќе има и улица Нивици,а тоа е местото каде беше потпишан Преспанскиот договор со кој го сменивме името.

На листата од 571 улици за преименување се и новинарот Никола Младенов, пејачката Вања Лазарева, архитектот Живко Поповски, спортистите Благоја Георгиевски-Буштур, Атина Бојаџи, како и заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи. Меѓу предлозите се и писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески…

Од град Скопје велат дека предлозите ќе се најдат на дневен ред на гласање во градското собрание наредниве денови.

Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, велат од Град Скопје.

Шилегов се пофали на социјалните мрежи, ги враќал старите имиња на улиците, Аминта Трети ќе биде Ленинова, Петре Пирузе – Мексичка…

Додека градскиот татко се фали како ќе ги смени имињата, социјланите мрежи вријат..Граѓаните велат Шилегов треба да се занимава со реалните проблеми кои Скопје ги има, а ако сака да преименува улици дадоа и предлози..

АСНОМ нека биде “Преспански Договор”, или “Бугарска Администрација”.

Мој предлог за именување на улици.

По една улица со име и презиме на осудените УСТАВОБРАНИТЕЛИ

Се бришат улиците филип2, аминта 3,

додавање Призренска лига

Граѓаните ќе треба да менуваат имотни листови, лични карти, ажурирање во УЈП, фирми адреси, ..(571 улица)

Преспански договор

Шилегов во трка со Алб. Гласачи

Останува отворено прашањето дали доколку се изгласаат промените на имињата на улиците ќе треба и да се сменат податоците во личните документи на граѓаните и фирмите, а тоа чини пари и време.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста