НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лазаров: Без стабилни економски односи не може да има стабилни политички односи

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров оствари средба и му врачи благодарница на известувачот за Македонија во европскиот парламент Илхан Ќучук за постојаната поддршка што ја дава и ќе ја дава на Република Македонија во процесот на евроинтеграција. 

„Едноставно нема да може да имаме стабилни политички врски ако немаме солидни економски врски. Економските односи не смеат да застанат и во никој случај не треба да бидат заложнички фактор на политичките и дипломатските процеси на двете држави, напротив, тие треба да бидат моторот кои ќе ги придвижат процесите и да бидат своевиден пример дека ние сакаме и мораме да соработуваме од блиску, и одтаму сакав да ги промовирам можностите на економската дипломатија, и преку одредени сугестии што ги имаме како стопанска комора  да се обидеме да ја наметнеме економската агенда која ќе даде само додадена вредност и значителен придонес во нашите односи, вели Кирил Лазаров од Македонско-бугарската стопанска комора.

На средбата присуствувал и представникот на владата за Бугарија, Владо Бучковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста