Ниту на македонски, ниту на албански: Илјази втор ден се крие за скандалот на токсикологија

Ниту на македонски, ниту на албански: Илјази втор ден се крие за скандалот на токсикологија

Ниту на македонски, ниту на албански – јавноста никако да ја слушне новата организациска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Илјази.

Таа веќе втор ден молчи за сканадалот на токсикологија, каде на површина излезе дека таа е назначена на функција, а не знае македонски јазик и како преведувачи ги користи двете секретарки врботени во оваа Клиника. Дополнително, вработените обвинија дека Илјази на работа доаѓала во придружба на нејзиниот татко кој постојано бил со неа како да е нејзино обезбедување. Додаваат дека многу ретко се појавува низ болничките ходници, а за нејзината „таинственост” се задолжени двете службенички. И покрај тоа што вети дека денеска ќе се појави пред камерата на Алфа да одговори на овие обвинувања, таа повторно смисли изговор дека не можела да не прими поради важен состанок, и ако сакаме може само писмено да одговори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста