Кој високо лета, ниско паѓа – како Јанева од ангел на македонската правда, слета на црната листа на САД?

Кој високо лета, ниско паѓа – како Јанева од ангел на македонската правда, слета на црната листа на САД?

  • „Отвори, отвори, отвори кога ти велам..“ велеше Јанева.

Американските врати за Катица Јанева се затворија засекогаш. Злоупотребата на службената моќ за лична корист ја смести и во Идризово и на црната листа.

Некогашната силна шефица на сега згаснатото СЈО, кој никој не можеше да ја смени, доби уште црн печат, додека ја издржува затворската казна долга седум години.

  • Не може да ме сменат, како мислите да ме сменат, изјави Јанева во последните денови од својот мандат“ рече Јанева на 14.05.2019.

За миг згасна митот за т.н. Чарлиеви ангели кој се засилуваше дури и по стории на странските медиуми, поддржано од американската администрација. Во една прилика, за денот на независноста на САД, во амбасадата во Скопје, Јанева ги распоредуваше обвинителите за да се фотографираат.

Токму Јанева со лисици на рацете ја донесе и клиничката смрт на СЈО, многу порано прогласена од граѓаните и довербата која се сведе на минимум.

  • „Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации дека Јанева  побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството во нејзина надлежност“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департмент.

Радоста како тазе вработена во адвокатската канцеларија на синот, Лазар Јанев, кратко траеше бидејќи стратешкиот патнер очигледно не е убеден дека затворската казна од седум години е доволна за злоупотребите кои ги направиле екс-специјалната обвинителка.

  • „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“ пееше Јакимовски на 25.03.2013.

Човекот кој беше убеден дека никој не му може ништо, од вчера и прави друштво на Јанева на црната листа на САД..  Првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вината за црниот американски печат во пасошот, не ја гледа во своето досегашно работење..

  • Ова е кукавички чин на оние што го губат тлото под нозете, па помош бараат од Американците. Ниту Американци ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија“ – рече Јакимовски – Градоначалник на Општина Карпош 19.03.2024.

Бизнис зделки со урбаната мафија биле причина и Јакимовски да биде впишан на американската црна листа. За злоупотреба на службената положба актуелниот градоначланик го товарат и домашните органи, за што има и судска постапка. Кандидатот за шеф на државата од ГРОМ, најави дека ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител откако Стејт Депатментот го прогласи за непосакуван на територија на САД.

  • „Јакимовски, како градоначалник на општина беше вмешан во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање и попречување во урбаното планирање и  развој и процесите на набавки во корист на себе и на неговите соработници“, истакна Милер на прес-конференцијата кога ја објави одлуката.

Прелог – законот за рестриктивни мерки, со примена на странските црни листи е во собраниска процедура, иако на нив се противеше цела стручна фела. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста