Независен синдикат за здравство: Добро е што ќе има вработувања, предност да имаат тие кои досега работеа со договор на дело

Независен синдикат за здравство: Добро е што ќе има вработувања, предност да имаат тие кои досега работеа со договор на дело

Докторите и сестрите, како и останатиот персонал кој работат по клиниките, но не се трајно вработени, стравуваат дека директорите може да ја искористат моќта и наместо да ги вработат нив, на огласите да си примат луѓе кои ним им одговараат. Синдикатот инсистира министерот Меџити да постави прецизни услови, а не да им го остави на директорите дискреционото право на кого да дадат решение.

“Има сомнеж кај нас и кај сите вработени кој што подолг работат дека нема да влезат тие луѓе туку некој други луѓе од надвор.Како што се случи во ГОБ 8 Септември, во болницата во Ресен, се има случено на клиниката за детска хирургија. Една молба до министерот, освен основните барања што ќе бидат за конкурсот, како диполома, лекарско, да има услов од над три или четири годишно вработување на овие луѓе” – вели Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ.

Меџити не беше конкретен дали некој од здравствените работници кои работеле и по повеќе од пет години со договор на дело ќе биде извисен. Но уверува дека менаџерите на болниците најдобро можат да проценат кој да добие трајно решение за работа.

Јас лично се залагам и денеска побарав од службите да ми поднесат листа на сите договор на дело низ цела држава во здравствените установи за да знаеме отприлика колкав е бројот.Дали ќе се случи некој пропуст ние не можеме да бидеме идеални.Не можеме на никого им забраниме да се пријави на конкурсот, но ќе настојуваме тие што се навистина квалитетни кадри, да можеме да ги задржимеизјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити, од јануари најави и нови дополнителни вработувања во здравството.

Инаку, предизборно власта спроведува акција за вработувања во низа инстиуции. Главниот фокус е на здравството,каде според последната одлука на владата трајно вработување ќе добијат 1.117 медицински и технички кадар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста