Предизборно и празнично будење на ТИРЗ: За 29 милиони евра ќе ги опремуваат индустриските зони со амбуланти и градинки

Предизборно и празнично будење на ТИРЗ: За 29 милиони евра ќе ги опремуваат индустриските зони со амбуланти и градинки

Неколку дена пред Новата година и на само 5 месеци пред избори за фантастични 29 милиони евра Агенцијата за технолошки индустриски зони ТИРЗ ќе гради амбуланти, сместувачки капацитети, градинки, складишта и паркиралишта во вкупна површина од 31,500 метри квадратни во зоните во Скопје, Прилеп и Штип. Пред десетина дена, ТИРЗ потпишал договор со битолската градежна компанија Стентон, согласно податоците на јавни набавки.

Засега е нејасно зошто во зоните се градат амбуланта и градинки бидејќи ваква инвестиција воопшто и не беше најавена. Дополнителен сомнеж фрла сумата која за неколку објекти достигнува речиси 30 милиони евра, како и тајмингот, договорот е потпишан на само еден месец пред формирањето на техничката Влада. Сепак, од ТИРЗ објаснуваат дека овој проект е потребен согласно резултатите од анкетите кои ги спровеле.

ТИРЗ претходно спроведе анкета во сите Зони и врз база на резултатите, во зоните во Скопје, Штип и Прилеп се предвидува изградба на објекти за примарна здравствена заштита за работниците, изградба на градинки во Зоните, складишта и паркинг, како и  изградба на сместувачки капацитети. Сместувачките капацитети се пред се наменети потребите на самите компании кои се во фаза на реализација на инвестиција (за персонал за инсталација нова опрема, одржување, надгледување на градба на нови проекти, особено оние кои имаат потреба од инсталирање и градба на специфични напреднотехнолошки објекти, велат од ТИРЗ.

Согласно пресметките од Агенцијата за технолошки индустриски зони велат дека цената за изградба на овие објекти ќе чини по 770 евра по метар квадратен. Исто така оттаму ја потенцираат потребата за вакви проекти бидејќи само последниве 3 години во земјава се слееала 1 милијарда евра странска инвестиција. Со оглед на тоа што според ТИРЗ Македонија е земја која привлекува странски инвестиции, потребно е изградба на сместувачки капацитети за самите инвеститори и нивниот персонал.

Компанијата Стентон од Битола не се одважи да дава одговори за Алфа во однос на огромниот градежен потфат кој ќе го гради во наредните 280 дена.

Оваа градежна фирма не е првпат со власта да склучува милионски договори. Оваа компанија за неверојатни 1, 8 мииони евра расчистува одрони на државните патишта.

Во последните 12 месеци компанијата има добиено 21 тендер. Според медиумските написи, оваа фирма е една од најзвучните во Битола и важи за блиска до СДСМ/.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста