Нема одговор од институциите – колку би чинело евентуалното раскинување на договорот со „Синохидро“
Колку ќе не чини идејата што преку ноќ ја добија Ковачевски и Груби за раскинување на договорот за автопатот Кичево – Охрид ? На Владата, после 10 години и текна да прави ревизија на проектот, без притоа да даде отчет пред граѓаните какви штети ќе направи ако го раскине договорот . Алфа ги праша надлежните институции , колку и дали ќе плаќаме ако се раскине договорот , но добивме само соопштение дека почнала ревизијата во ЈП за државни патишта, а конечната одлука како ќе се доизгради делницата ќе „падне“ на Илинденска до 31 декември . На трасата се појавиле нови 11 свлечишта и затоа потребно е да се ангажираат меѓународни експерти.
Во овој момент, во тек е ревизија од Државниот завод за ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските извештаи и услогласеност како и ревизија за успешност на капиталните инвестиции. Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експрест за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид, велат од Министерството за транспорт и врски .
Се уште не се знае ни какви чекори по ваквата најава ќе преземе кинеската „ Синохидро“ . Неофицијално тие побарале итна средба со Ковачевски, но од Владата брифираат дека тоа нема да се случи.
Доколку дојде до арбитражна постапка надлежен е судот во Париз , а експертската јавност предупреди дека ако се раскине договорот, банкарските гаранции на домашните фирми ќе бидат заробени..
“Што ќе се случи ако не го изгласаат пратениците продолжувањето на законот,значи паѓаат банкарските гаранции на “Синохидро” а со тоа кинеската компанија ќе ги повлече банкарските гаранции и на нашите компани кои имаат околу 50 милиони банкарски гаранции, тие средства ќе бидат заробени” , предупреди професор Илиос Вилос
Автопатот досега си дочека пет анекси , а во третиот беа вметнати дополнителни работи, оние кои новата власт на СДСМ кажа дека се промашени во трасата , со што изградбата достигна 598 милиони евра и ново задолжување . Владата наводно ги исправи грешките на претходната власт, со што си зададоа задача дека во јануари 2024 ќе има нов автопат.
Одговорен патот да биде готов во јануари 2024 си ти како министер за транспорт и врски, и затоа Благоја еве го тука, стани Благоја да те видат затоа што по тој пат мора да се вози со автомобили од Кичево до Охрид и нема изговори и нема предавања, затоа што секоја цел Благоја е достижна, му рече Ковачевски на Бочварски на 19.11.2022
Одговорност очигледно никој нема да понесе , со оглед на тоа дека Благој Бочварски е се уште министер за транспорт и врски, Димитар Ковачевски е премиер , а граѓаните на еден месец пред истекот на рокот немаат нов автопат .
Кристина Алексиеска