Масовен пензионерски протест денеска во Скопје

Масовен пензионерски протест денеска во Скопје

Голем пензионерски протест е најавен за на пладне пред Владата во Скопје.

Протестот, кој според најавата, ќе почне во 12 часот беше најавен на вчерашниот протест на пензионерите во Прилеп. Пензионерите вчера нагласија дека не сакаат социјални мерки кои ги најавува Владата оти, како што велат, ние не сме социјална категорија.

„Бараме тоа што заслужено треба да го добиеме, а тоа е пензија за достоен живот“, порачаа вчера пензионерите од Прилеп.

Пензионерите се разочарани од тоа што власта не сака да ги слушне нивните барања за линерано зголемување на сите пензии по 5.000 денари, а најмалата пензија да биде 20.000 денари.

Тие вчера побараа поддршка и од сегашниот шеф на државата Стево Пендаровски, како и од екс претседателите на Македонија.

Тие се крајно се револтирани и од претседателката на Сојузот на пензионерски здруженија, Станка Трајкова, која како што беше кажано, не само што не ги поддржувала туку на сите здруженија по градовите им забранила да обезбедат автобуси за денешниот протест во Скопје. Пензионерите вчера обвинија дека со пари од македонскиот пензиски фонд за исплаќаат пензии за граѓани од Косово.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста