Нема евтина струја преку ден за сите – граѓаните реагираат. Од 1 јануари нова цена на струјата со нова ставка
Околу 400 илјади домаќинства ќе треба да почекаат за дневна еевтина тарифа.. Универзалниот снабдувач треба да им ги промени струјомерите.
До крајот на месецот сите броила ќе бидат сетирани на ноа евтина тарифа освен тие кои се недостапни како броила во затворени објекти викендички и сличнo, велат од ЕВН
За да користите дневна евтина тарифа, не треба само да имате ново дигитално броило, туку истото да се отчитува далечински, односно стрелката на струјомерот во периодот од 13-15 часот треба да е на ознаката Т2 .
Голем дел од граѓаните не провериле дали им се мерат киловати по евтина или по скапа струја , а на добар дел од нив ништо и не им значи оти е во време кога се на работа .
Граѓани реагираат и на социјалните мрежи дека и после 13 часот на броилото иако е од новите им се отчукуваат киловати по скапа тарифа.
Од ЕВН за Алфа велат дека воведувањето на евтината тарифа се прави по истиот редослед како укинувањето. Односно корисниците на кои први им се укинала евтитината тарифа, први ќе добијат евтина струја.
Од 1 јануари и нова цена на струјата, со нова ставка – пристап до мрежа , покрај постојната за мрежарина . Ова се воведувало за да имало правична распределба на трошоци за оние кои редовно ја користат мрежата и тие кои се повремено корисници како во викендичките , појаснува првиот регулатор . Дополнително ЕСМ побара зголемување на цената за струјата која ќе ја продава на универзалниот снабдувач, од 53 на 57 евра за домаќинства и мали потрошувачи. Вака поставена равенката , носи резултат дека ќе има поскапување на струјата по Нова Година ,ама ќе мора да се почекаат финалните пресметки за тоа што ќе се прифати , а што не од пријавените трошоци од енергетските компании.