Родителите на учениците од училиштетото во Чашка понудија решение на проблемот – албанска паралелка да се отвори во Сливница

Родителите на учениците од училиштетото во Чашка понудија решение на проблемот – албанска паралелка да се отвори во Сливница

Албанската паралелка да се формира во селото Сливница. Ова е решението кое родителите чии деца учат во ОУ„ Тодор Јанев„ во општина Чашка, ќе му го предложат на министерот Шаќири , откако тој вчера ги повика да изготват решение и да му го достават во кабинетот.  Сливница е на само два километри од село Бањица, каде веќе има настава на албански јазик, а би немало потреба ниту од менување на статутот на училиштето, објаснуваат од Совет на родители.  

   „Би немало потреба ниту од менување на статут. Единствено што би требало да се направи е да се потпише договор за меѓуопштинска соработка, затоа што училиштето во Сливник, припаѓа на територија на Велес. Доколку се оди со предлогот модуларно училиште во Бањица и овде е лесна работата, бидејќи постои маркица за ова училиште. Тогаш би требало да се промени статутот, доколку тоа училиште се припои како подрачно училиште во Чашка„ изјави Цветанка Пешовска, од Советот на родители.

Родителите црвсто остануваат на ставот дека формирањето на албанска паралелка во училиштето „Тодор Јанев„ во Чашка е незаконски, а МОН ова го прави од позиција на моќ, објаснува Пешовска. Таа потенцира дека и вчера директорката продолжила со манипулирање, префрлајки ги шесте ученика од просторијата во интернетот, во училиницата каде учат првооделенците, со цел пред јавноста да презентира поразлична слика..

  „Зошто се продолжува со незаконските работи? Одговор од неа не добиваме. Нејзината изјава беше дека дечињата живеат тука. Не е точно, дека тие живеат тука! Покажуваат сила, позиција, моќ. Ќе си играме. Меѓутоа народот е толку изреволтиран и не верувам дека сето ова че успее. Според мене е само прашање на време кога ќе се стави крај на оваа работа„ потенцира Пешовска.

Веќе три недели децата не одат, односно ја бојкотираат наставата. Ќе останат дома се додека не се реши проблемот.

Според родителите  училиштето „Тодор Јанев„ според статутот е само за настава по македонски јазик и во населено место со Македонци и отварањето на ваква паралелка е „насилно„ и незаконски. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста