Сигурна победа на изборите за ВМРО-ДПМНЕ, аналитичарите прогнозираат коалиција со „ВРЕДИ“

Сигурна победа на изборите за ВМРО-ДПМНЕ, аналитичарите прогнозираат коалиција со „ВРЕДИ“

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите на 8 мај, и најверојатно ќе состави влада со коалицијата на Таравари, Меџити, Касами и Гаши. Ова е општиот впечаток на јавноста, откако беше објавена анкетата на ИПИС. Според неа партијата на Мицкоски би имала од 52 до 54 пратеника, што е огромна предност пред партијата на Ковачевски, која би освоила од 26 до 30 места во Собранието. До денот на иборите бројот на пратеници на контото на ВМРО-ДПМНЕ, аналитичарите сметаат дека ќе се зголеми, а СДСМ на овие избори веројатно ќе го доживее најголемиот пораз во нивното постоење.

  • Во однос на парламентарните избори резултатите кои што беа објавени на МТВ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има многу солидна предност пред СДСМ. Дали оваа предност ќе остане или можеби ќе се зголеми зависи од резултатот на првиот круг од претседателски избори, за тоа ќе треба да почекаме и да видиме“ вели Владимир Божиновски – политички аналитичар.

Божиновски смета дека ишаретот испратен од колицијата Вреди, за постизборна коалција со ВМРО-ДПМНЕ е нешто очекувано. Според него ВМРО-ДПМНЕ има коалциски камацитет и нема да има проблем да направи коалција ниту со ВРЕДИ ниту со ДУИ, иако за нив префериран партнер е коалцијата ВРЕДИ со оглед на тоа дека двете партии, односно колации во моментов се опозициски делуваат.

  • Генерално коалции се прават помеѓу партии што имаат слични идеолошки убедувања, но во Македонија е карактеристично тоа што генерално коалиција прави победничката партија со партијата на етничките албанци, која што од една страна им е идеолошки слична или била во опозиција или на власт во време кога се одржуваат изборите, но со дополнителниот услов, а тоа е да се задоволи т.н. бадентерово мнозинство во однос на гласањето во парламент“ вели Божиновски. 

Според бројките од последната анекта, ВМРО-ДПМНЕ заедно со партиите на Гаши, Таравари, Касами и Меџити би освоиле од 64 до 70 пратеника, а СДСМ и ДУИ, ако одат во пост изборна коалиција 43 односно 47 пратеника. Се уште се чека како ќе одиграат и помалите партии и каде тие би се позиционирале во новиот парламентарен состав иако веќе се шпекулира дека најголем дел од нив префериират тоа да биде ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста