Најгледаната емисија „Везилка“ меѓу македонците во Пустец


Најгледаната емисија која ја претставува и промовира македонската култура и традиција излегува од границите на Македонија. Везилка меѓу Македонците во Пустец, Албанија.

Локалните жители воодушевени ја пречекаа екипата на Алфа која заедно со пријателите им однесе и подароци. Порачаа дека им претставува задоволство што екипата на „Везилка“ е во Пустец.

Пустец е единствената македонска општина во Албанија. Градоначалникот вели дека успеваат да ја негуваат македонската култура и традиција.

Ова најдобро ќе го каже вашата емисија „Везилка“. Сакам да се заблагодарам на целата екипа која најде време да дојде кај нас , да покаже на цела Македонија и пошироко каде што се гледа „Везилка“, порача градоначалникот на Пустец Пали Колефски.

Алфа е општествено одговорна компанија и телевизија која ја промовира македонката култура и традиција. Идејата е да се стигне во секој дом, секаде низ светот каде има Македонци.Ова е првото излегување на Везилка надвор од Македонија. Во иднина емисијата ќе се снима и во Грција, Бугарија, Србија и секаде во светот каде има Македонци.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста