Охрид нема да го зачува статусот на УНЕСКО

Виси статусот на Охрид под капата на Унеско, после 4 деции,извесно е дека Центарот за светско наследство ќе побара Охрид да се стави на Листата на светско наследство во опасност. На 23 фебруари 2023-та истекува дополнителниот рок од две години кои градот и државата го добија за да постапат по препораките на Унеско.
Ние нема да успееме,тоа е мое мислење можеби не се согласуваат сите со мене ,меѓутоа не мислам дека ќе успееме да постапиме според сите препораки и да исполниме толку многу колку што треба во овие кратки 2 години. Не може за 1година,2 да ги решиме сите проблеми кои се напластувале со децении, но ако ништо друго барем да се постават правилни закони кои понатака ќе се почитуваат и имплементираат и кои ќе овозможат добра заштита за во иднина вели Мише Тутковски-дир.на Завод и Музеј Охрид .
Во меѓувреме граѓанските активисти од Охрид поддржани од Движењето на екологисти на Македонија бараат да запре неконтролираната урбанизација,тврат дека бројот на дивограби постојано расте.
Од каде изникнаа тие дивоградби сега а вреќе препораките на Унеско стапиле на сила 2020-та година, значи и понатака се продолжува со овој прпцес на неконтолирана урбанизација.Луѓето од општината треба да сфатат дека чашата е прелиена акосакаат да го гледаат градов во позитивна смисла, нека си бара општината други сретства на финасисрање нека не им биде првенствено комуналиите од зградите фиансиарњето на општината рече Никола Киселинов-туристичка асоцијација на Охрид.
Некој намерно сака Охрид да се тргне од листата на светско наследство, со тоа што урбаната мафија да гради колку сака и каде сака вели Сашо Кироски-Енхелеус Лихнид.
Дислокација и санирање на дивата депонија во Буково,отстранување на сите дивоградби вдолж крајбрежјето,усогласување на деталните урбанистички планови со Планот за управување со Унеско,донесување на нов генерален урбанистички план за град Охрид,реажурирање на инвентарот на бесправни објекти, се само дел од препораки на Унеско,кои општината мора да ги спроведе до фебруари 2023-та година.
Росица Голабоска