„Aлфа“ на удар на институциите – УЈП врши незаконски притисок врз единствената критичка Телевизија

Ископајте стар долг, ако треба и измеслете го, молчете за него со години, набијте му камата, удрете по фирмата, и ако тое не помине, на крајот удрете лично по некој од вработените – ова е рецептот со кој Управата за јавни приходи се реши да се пресмета со Алфа телевизија, единствениот критички медиум во македонаскиот етер. Случај, кој според адвокатите претставува правен преседан и невидена небулоза.

  • Многу е едноставен проблемот. За дејствија кои што наводно се тврди дека не се согласно законската регулатива од 2013 и 2014 година, се задолжува управител, кој како физичко лице станува управител во 2016 година. Просто е невозможно е да имаме вакво решение за задолжување, кое што можеме да го оцениме како незаконито и неосновано, вели за Алфа адвокатот Панче Тошковски.

Значи, станува збор за наводен долг од околу 200 илјади евра во кои се пресметани и огромни камати. Сиптоматично е што наводниот долг датира од пред речиси десет години, односно од 2013-та година, но УЈП го активира случајот откако „Алфа“ ТВ стана трн во окото на власта.

Не им успеа да ја осакатат „Алфа Скоп“, фирмата мајка на телевизијата, па удираат по нејзиниот актулен управител. Бараат тој лично, од сопстевн џеб да извади  речиси 200.000 евра, односно да ги плати парите иако е назначен на фунцикијата во 2016-та година, три годни откако настанал наводниот долг, за кој се води судски процес, кој не е ни завршен.

Иако сето ова, според адвокатскиот тим претставува правен преседан и небулоза, од Управата за јавни тврдат дека работеле според закон.

  • Управата за јавни приходи целосно ги отфрла сите шпекулации и инсинуации за било какво политичко влијание во предметот „Алфа Скоп“. Согласно законските овластувања од Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи презема мерки и дејствија кон сите даночни обврзници кои имаат доспеан неплатен даночен долг по било кој основ. Согласно законот, Управата за јавни приходи спроведува присилна наплата на сите средства и приходи на должникот, како и утврдување на даночна гаранција, се наведува во одговорот од УЈП на прашањата на Алфа.

„Алфа“ е единствената телевизија која веќе подолго време се соочува со притисоци од повеќе институции – Телевизијата речиси секој ден е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаа да најдат ништо неправилно и незаконско.

Сепак, ваквите контроли и притисоци влијаат на тековното работење на медиумот кој е единствениот кој отворено ги критикува полтиките на актуелната власт.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста