МВР и ОЈО за Вања: Таткото вмешан во убиството, човекот што пукал во бегство, тројца во притвор

МВР и ОЈО за Вања: Таткото вмешан во убиството, човекот што пукал во бегство, тројца во притвор

Таткото на Вања е вмешан во убиството на својата ќерка, човекот кој пукал е во бегство, тројца се во притвор, ова ни го соопштија заедно МВР и Обвинителството. Според она што денеска ни открија Спасовски и шефот на скопското Обвинителство Гаврил Бубевски, девојчето било убиено од страв бидејќи веќе започнала истрата за нејзиното исчезнување.

-Главен организатор и извршител, кој со пиштол на 27.11 според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата, на веќе започнатата истрага веднаш после првата пријава за првото кривично дело, изјави Спасовски.

Она што е проблематично е што можеби истражните органи се уште немаат конкретни материјални докази, односно тие биле обезбедени согласно исказите на осомничените, а во понатамошниот период ќе се барале другите докази, ни соопшти Гаврил Бубевски.

-Тие искази се поврзани со материјални докази и тука нема бегање. Значи тие искази одговараат на она што е пронајдено, така да штом имаш ти материјален доказ и штом тој исказ веќе е даден пред јавен обвинител, во присуство на бранителство, сите стандарди, се поврзува со сите материјални докази кои што ги имаме веќе обезбедено, од ова бегање нема, изјави Бубевски.

Министерот за внатрешни работи вели дека не чувствува лична одговорност за овој случај, кој како што вели бил излоиран, и не претставува закана кон јавната безбедност.

-Вакви конструкции кои што се објавуваат во јавноста, ова е изолиран случај. Нема врска со јавната безбедност… Јас одговорив на ова прашање, изјави Спасовски.

Малата Вања била киднапирана со автомобилот на убиениот 74 годишен велешанец, убиство извршено од истите пет осомничени неколку дена пред да биде киднапирана Вања, по што трагично заврши и нејзиниот живот на само 14 години.

Според она што беше официјално соопштено велешанецот бил убиен поради долг од 500 евра, а неговиот автомобил бил искористен во убиството на Вања Ѓорчевска.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста