48-часовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска

48-часовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска

На Александар Ѓорчевски, татко на 14-годишната Вања, кој е осомничен за убиството на сопствената ќерка, му е определен 48-часовен притвор. Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за притвор за Ѓорчевски поради, како што велат од судот, опасност од бегство и влијанија врв сведоци.

Претходно вечерва, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски Палчо – првоосомничениот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста