Мицкоски: Зечевиќ и Ковачевски да се надминат себе си, да застанат интерес на народот и да се договориме за датум

Мицкоски: Зечевиќ и Ковачевски да се надминат себе си, да застанат интерес на народот и да се договориме за датум

Логично е изборите да бидат споени и на ист трошок, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – коментирајќи ја изјавата на ДУИ, кои денеска кажаа дека немаат ништо против изборите да се во ист ден. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот, изборите да се заедно, оти Македонија е сиромашна држава и дополнителни трошоци не ни се потребни. Според Мицкоски, со споени избори се намалува и можноста за неуспешност на изборите и предизвикување на уставна  и законска криза.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ побараа лидерска средба за договарање на датум за изборите, но СДСМ одбија. Тие предложија работна група во рамки на собранието, но без малку еден месец подоцна, од меѓупартиската средба нема ништо.

Мицкоски повотрно повика СДСМ да се охрабрат и конечно Македонија да добие датуми.

Јас го охрабрувам раководството на СДСМ, Зечевиќ и Ковачевски да се надминат себе си и да застанат еднаш во интерес на народот и да се договориме за датум. Континуирано апелирам да бидат одговорни кон народот, државата, а не кон тендерите. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе повторам стоиме на располагање подготвени сме за договор, разговор, во било кој формат, кој тие ќе го договорат, на било кој начин било каде. Само да се договориме, рече Мицкоски.

Во рамки на изјавите за изборите, Мицкоски посочи дека тие како партија за кратко ќе ги објават имињата на носителите на избрните едниници.

Сеуште не сме ги определиле носителите, официјално, иако јас самиот за себе,се претставив како потенцијален носител на ИЕ 1, набргу од денеска јавноста ќе ги знае во останатите избори единици, и се подготвуваме за конвенцијата за избор на претседателски кандидат, посочи првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Тема на коментирање од страна на Мицкоски, беше и скандалозниот случај со пресудата против пратеникот Бране Петрушевски, кој треба да плати 150 000 денари, заради тоа што во собранието, кажал сопствен став и со тоа го навредил душевно нековиот колега од СДСМ, Костовски, односно тужетелот. Иако законите и уставот им даваат имунитет на пратениците.

Како ВМРО-ДПМНЕ овој процес ќе го истераме до крај се додека овој нестручен судија не биде разрешен. Зошто ова го кажувам, затоа што ако он носи ваква нестручна, антиуставна, антимеѓународното право пресуда, тогаш може да замислите уште колку нарачки може да добие по нечија наредба. Како вмро-дпмне ќе го тераме овој процс до крај се додека овој судија не биде разрешен, вели Христијан Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со оваа пресуда се оди контра сите европските вредности и вредносите на демократијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста